ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими: Постепена фискална консолидација до намалување на дефицитот по Мастришкиот критериум

June 13, 2022 16:02
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Постепена фискална консолидација, односно намалување на дефицитот во буџетот е она за што ќе се залагаме и покрај предизвиците кои ги носат новите светски економски кризи. Буџетскиот дефицит предвиден со ребалансот е понизок во однос претходните две години, додека со фискалната стратегија се предвидува постепено намалување на дефицитот до 2,8 отсто во 2027 година, односно и под Мастришките критериуми. Министерот за финансии Фатмир Бесими на комисиската собраниска расправа за ребалансот на Буџетот за 2022 година, посочи дека Владата останува на среднорочната агенда за намалување на разликата помеѓу буџетските расходи и приходи, без притоа да се влијае негативно на растот.

-Со Фискалната стратегија 2023-2027 година, предвидена е етапна фискална консолидација, со намален буџетски дефицит како процентуално учество  во БДП и тоа од: 4,2 отсто во 2023 година, 3,6 отсто во 2024 година, 3,2 отсто во 2025 година, 3,0 отсто во 2026 година и 2,8 отсто во 2027 година. На среден рок, и покрај присутните ризици и неизвесноста, фискалната политика ќе продолжи кон натамошна консолидација и реструктуирање на јавните расходи со постепено намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг, поттикнување на економската активност преку капиталните расходи и инфраструктурните инвестиции, како и подобрување на условите за водење бизнис и отворање на нови работни места, истакна Бесими.

Инаку, како што нагласуваат од Министерството за финансии, проектираниот дефицит за 2022 година, и отплатата по основ на главница на надворешен долг во износ од 6,23 милијарди денари  и отплатата на домашен долг во износ од  5,54 милијарди денари ќе се финансираат на меѓународниот и домашниот пазар, додека со оглед на актуелните економски и надворешно-политички состојби, оваа година поголем фокус ќе биде ставен на финансирање од меѓународните пазари.

Ваквата определба ќе овозможи повеќе пари од домашниот банкарски сектор да бидат искористени во македонската економија, а дополнително, преку наворешните извори за финансирање ќе се зголемат девизните резерви на државата.

Next Post

Инфлацијата во Србија над 10 отсто, раст и на потрошувачките цени

Најново

Анаис. Илустрација Фронтлајн

Викенд хороскоп со Анаис: Експанзија на срцето под сјајот на Лавот (25-26 април 2026)

April 24, 2026

Нападите од Трамп и Русија ја обединија Италија зад Џорџа Мелони

April 24, 2026

Македонија е избришана од агендата на ЕУ

April 24, 2026
Фото: Фронтлајн

СДСМ бара итно запирање на сите градежни активности во Кисела Вода по трагедијата на градилиштето во која загина едно лице а 4 се повредени

April 24, 2026

Тошковски од Атина: Заеднички и координиран одговор на криминалот и тероризмот – зајакната соработка со Грција

April 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk