ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ од Брисел: Време е за лидерство и потврдување на нашата европска перспектива

June 13, 2022 17:04
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, кој е во официјална посета на Брисел, денеска оствари средби со генералниот секретар на Европската служба за надворешно дејствување, Стефано Санино, со в.д. директорката за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Унијата, Микела Матуела а ќе разговара и со Симон Морду, главен советник за надворешна политика на претседателот на Европскиот совет, Мишел, jaвува МИА.

Во на средбите со своите соговорници, како што соопшти СЕП, тој рече дека лидерите на ЕУ мора да го искористат овој историски момент и да одговорат на актуелната криза со официјализирање на европската перспектива на регионот.

– Вистинско време, што мора да го искористиме за старт на преговорите на Унијата со Северна Македонија и Албанија. Секој отпор и воздржаност на ЕУ кон Западен Балкан дополнително ќе ја намалува атрактивноста на Унијата и ќе го поткопува нејзиниот кредибилитет во регионот. Наша стратешка определба е членство во Европската Унија и би било добро годинава да се дефинира политиката на проширување, во насока на кредибилно партнерство и со поголема посветеност кон кандидатите и потенцијалните кандидати, посочи Маричиќ на средбата со генералниот секретар на Европската служба за надворешно дејствување, Стефано Санино.

Санино потврди дека Европската служба за надворешни работи ја цени нашата проевропска ориентација, а нашата земја, како и целиот регион, е стратешки партнер на Унијата.

На средбата со Симон Морду, главниот советник за надворешна политика на претседателот на Европскиот совет, Мишел, вицепремиерот ја потенцираше важноста за натамошен поинтензивен ангажман и посветеност на ЕУ во овој момент на Западен Балкан, со што ќе се потврди стратешко партнерство на Северна Македонија со Унијата и општо стабилноста на овој регион за Европа.

Маричиќ низ отворен и конструктивен разговор со в.д. директорката за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување, Матуела, направи преглед на постигнатиот напредок на европската агенда, потенцирајќи го интензивното работење на Владата за исполнување на задачите и критериумите за почеток на преговорите, со посебна посветеност на европската реформска агенда, што е нотираат во сите меѓународни извештаи.

– Западен Балкан не само географски туку и вредносно припаѓа на ЕУ и сите земји од регионот треба да станат членки на Унијата кога ќе ги исполнат условите за тоа. Ние одамна ги имаме исполнето и време е лидерите на ЕУ да покажат лидерство и да ја потврдат посветеноста на Унијата на Западен Балкан и неговата европска перспектива. Почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија ќе биде успех за целиот регион, рече Маричиќ на средбата со Матуела.

На средбите беа поздравени напорите на нашата земја за спроведување на реформите и целосното усогласување на надворешната политика со надворешната и безбедносната политика на ЕУ, како и дека нема промена во надворешнополитичкиот курс на ЕУ и дека Северна Македонија е перципирана како полноправна членка на европското семејство.

Вицепремиерот утре агендата во Брисел ќе ја започне со брифинг на Работната група на Советот на Европската унија за Западен Балкан/Проширување (КОВЕБ/КОЕЛА), на кој ќе информира за напредокот на земјата во реформите во насока на подготовка на земјата за почеток на преговорите за членство со ЕУ, по што ќе следи средба со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји и со координаторот на ЕК за Северна Македонија, Марк Јорна.

Next Post

Фондацијата „Заев - Едно општество за сите“ донираше 20 тони најпотребни производи во Украина

Најново

Анаис. Илустрација Фронтлајн

Викенд хороскоп со Анаис: Експанзија на срцето под сјајот на Лавот (25-26 април 2026)

April 24, 2026

Нападите од Трамп и Русија ја обединија Италија зад Џорџа Мелони

April 24, 2026

Македонија е избришана од агендата на ЕУ

April 24, 2026
Фото: Фронтлајн

СДСМ бара итно запирање на сите градежни активности во Кисела Вода по трагедијата на градилиштето во која загина едно лице а 4 се повредени

April 24, 2026

Тошковски од Атина: Заеднички и координиран одговор на криминалот и тероризмот – зајакната соработка со Грција

April 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk