ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Изложба „Форми на повторно создавање“ во Центар – Јадро

June 16, 2022 10:22
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во КЦП Центар – Јадро во Скопје вечер ќе биде отворена изложбата „Форми на повторно создавање“ на уметницата Ирена Пејовиќ.

„Форми на повторно создавање“ е мултидисциплинарен настан кој наметнува перцептивни методи на организација при изработката на делото. Ја бара еластичноста во видеото како медиум и користи акции на повторување како повторени движења, повторени звуци, поделено пресликување, селективна поделба, селективно гледање и селективно слушање, за да го прошири разбирањето на субјектот од едно единствено тело во настан на формирање релации.

Како што посочуваат од Центар – Јадро, Пејовиќ создава настани кои водат надвор од визуелниот аспект, кореографирајќи движења кои ја претвораат публиката во истражувач на еден свет кој е активен и во создавање, како збир на релациони односи, на начин на кој тие го немаат доживеано претходно. Во нејзините дела, публиката се движи со сензори, користејќи вид, звук, навигација, чувство на текстура, боја, големина, и е подвижна и неподвижна. Делата, просторот и гледачот земаат рамноправен дел во изработката на настаните.

-Нејзиниот интерес за танцот и импровизираните движења се дестилира во средини кои на видик се ултраделикатни и робусни. Пејовиќ ја развива идејата за скулптура, не како фиксен збир од објекти, туку како релации кои секогаш се одвиваат – кои влијаат и се под влијание на начинот на кој гледачите се движат низ нивните параметри. Транспарентните материјали прикриваат суптилни движења и случајности кои доаѓаат во фокусот, за потоа да се распаднат во истрагата; На суптилен начин, од оваа средина се појавуваат тактилни и аудитивни компоненти кога таа е истражена, нагласувајќи ја концепцијата на уметноста како производ на холистичко искуство поголемо од кој било од неговите делови, вели за нејзините дела националниот критичар Бен Дејвис за „Артнет њуз“.

Изложбата ќе биде отворена до 24 јуни.

Next Post

„Песни од патувања“ – концерт на Иван Наумовски со дела од светски и македонски автори

НАЈНОВО

Скриншот

Такаичи: Јапонија не се откажува од мировниот договор со Русија

October 24, 2025

Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

October 24, 2025
Скриншот

Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk