ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Варира употребата на обновливи енергии во Северна Македонија – за годинава зацртано до 23 отсто

Пропорцијата на обновливи ресурси во Северна Македонија меѓу 2015 и 2018 значително варира: 19,5 отсто во 2015, 18 отсто во 2016, 19,6 отсто во 2017 и оваа година 18,1 отсто. Во 2014, земјата користела 15,7 отсто обновливи енергии во својот енергетски микс.

January 23, 2020 13:52
in ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Пропорцијата на обновливи извори во употребата на енергетските ресурси во Северна Македонија достигнала 18,1 процент во 2018-та, што е блиску до просекот на ЕУ, но претставува пад во однос на претходната година, според податоците на Евростат објавени денеска.

Во 2017-та, енергетскиот микс во Северна Македонија содржел 19,6 проценти обновливи енергии, а земјата има зацртано во 2020 да постигне 23 отсто обновливи извори на енергија.

Пропорцијата на обновливи ресурси во Северна Македонија меѓу 2015 и 2018 значително варира: 19,5 отсто во 2015, 18 отсто во 2016, 19,6 отсто во 2017 и оваа година 18,1 отсто. Во 2014, земјата користела 15,7 отсто обновливи енергии во својот енергетски микс.

Ако е близу до просекот на ЕУ, Северна Македонија е далеку од перформансите на соседните земји: Албанија употребила 34,9 отсто, Косово 24,9 отсто, а Србија 20,3 отсто.

ЕУ си зацрта цел во 2020 да постигне 20 отсто употреба на обновливи ресурси во енергетскиот микс, и 32 отсто до 2030.

Од земјите членки на ЕУ, дванаесет веќе ги надминале своите зацртани цели за пропорцијата на обновливи енергии: Бугарија, Чешка, Данска, Естонија, Грција, Хрватска, Италија, Литванија, Летонија, Кипар, Финска и Шведска, додека четири земји се многу блиско до постигнување на целта.

Секоја земја има зацртано свои цели во согласност со нејзините специфичности. Романија е на 0,1 процентен поен од постигнување на својата цел, следуваат Унгарија, Австрија и Португалија, кои се на помалку од еден процентен поен оддалечени од целта.

Најдалеку од зацртаната цел се Холандија и Франција, пресмета Евростат.

Најдобра е Шведска со над 54,6 отсто енергија произведена од обновливи извори, следува Финска со 41,2 отсто. Најлош перформанс има Холандија со само 7,4 отсто обновливи ресурси во својот енергетски микс. Малта, Луксембург и Белгија се сите под десет отст

Next Post

Во живо - Радмила Шекеринска за Преспанскиот договор

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk