Како што откри WABetaInfo, новата бета замена на вообичаениот изглед на WhatsApp ќе биде со нијанси на темно сива боја со цел намалување на напрегањето на очите и заморот за време на долгите ноќни комуникации.
WhatsApp DarkMode ќе биде достапен со верзијата 2.20.13 Android Beta, па се препорачува ажурирање на апликацијата.
За да го добиете темниот режим WhatsApp, ќе треба да се пријавите за нејзината бета програма; лошата вест е дека, како и кај бета iOS, масовната побарувачка за нови функции на WhatsApp значи дека е полна, така што ако веќе не сте се најавиле, тогаш немате среќа.
Откако ќе се ажурира, се оди во „Settings“ се одбира „Chat“, се одбира „Theme“ со три поставки: „Light“, „Dark“ and „System default“. Исто така, постои можност за корисниците на Android 9 или пониска верзија да ја ставаат апликацијата во мрачен режим секогаш кога батеријата е слаба и во тој случај се бира „Set by battery save“.