Според агендата, Марин ќе биде пречекана пред Владата од премиерот Димитар Ковачевски, по што ќе има билатерален состанок на двете делегации. Најавена е и заедничка прес-конференција на премиерот Ковачевски и премиерката Марин во 15:15 часот.
Финската премиерка ќе се сретне и со претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Поради официјална посета на премиерката на Република Финска, Сана Марин денеска и утре во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај, информира Министерството за внатрешни работи.
-Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје, соопшти МВР и апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициски службеници./МИА/.