ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими: Потребни се економски одлуки, а не дневно-политичка агенда за да ја надминеме инфлаторната криза

June 20, 2022 10:21
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Фатмир Бесими. Фото: МИА

Фатмир Бесими. Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

За да ја надминеме инфлаторната криза потребни се храбри и одговорни економски одлуки, кои нема да се водат од дневно-политичката агенда. Тие ќе се засноваат на економските закони, силна анализа и јасна цел – стабилизација, надминување на кризата и економски раст. Ова го нагласува министерот за финансии Фатмир Бесими во својата колумна за инфлацијата, мерките и одржување на економскиот раст.

Бесими во колумната пишува дека во извештаите и анализите на меѓународните институции, препораките се сведуваат на исто, а тоа е дека земјите треба да дејствуваат со таргетирани мерки, односно мерки со кои ќе се утврди точно кон која категорија на граѓани и фирми се однесуваат. Ова, како што посочува, е во интерес и во насока на одржување на фискалната и макроекономска стабилност на економијата.

– По пандемијата, фискалниот простор за реакција е намален, особено за земјите во развој. Оттаму, при креирањето на фискалните политики мора да се земе предвид и овој момент, со оглед на растот на цената на пазарите на капитал кој се очекува. Фискални мерки треба да има во секој случај, но фискалниот одговор за време на пандемијата и во текот на оваа ценовна криза, во секој случај треба да се различни, бидејќи различна е и природата на кризата и тековните услови за финансирање и спроведување на мерките, истакнува министерот за финансии.

Тој наведува публикација на ММФ, во која се посочува дека фискалните политики за време на тековната криза треба да се планираат согласно веќе постоечкиот систем на социјална заштита кој се практикува во земјата. Препораките за фискални мерки ги даваат согласно три категории на земји, односно оние со силна социјална заштита, други со слаба социјална заштита, без субвенции за храна и енергија и трети со слаба социјална заштита, со субвенции за храна и енергија.

-Иако политички многу непопуларно, препораките се да се дозволи да делуваат пазарните сили на понудата и побарувачката, со поддршка за најранливите. Ценовните сигнали се клучни за конкретен одговор од побарувачката, а со тоа и почеток на стабилизацијата. Земете ја енергијата за пример. Побарувачката за енергија е еластична, особено на горивата, што значи дека со растот на цената, може да се намали побарувачката. Храната, од друга страна, ја нема таа ценовна еластичност. Затоа, многу важен момент е обезбедувањето на социјалната сигурност на најранливите категории на граѓани. Доколку домаќинства со ниски приходи користат одредени горива за загревање, преку добро дизајнирани мерки, може да се влијае токму на цената на тие горива. Не се препорачува намалување на даноците за горива и храна. Со намалувањето на даноци за сите, значи дека се субвенционираат и оние на кои не им е потребна поддршка, за сметка на ранливите категории граѓани, пишува министерот за финансии.

Бесими, исто така, наведува дека иако нашата земја има силен социјален систем, сепак одлуката за обемен пакет на фискални мерки од почетокот на годината бил во насока на успорување на инфлаторната спирала, поради високото учество на храната и енергијата, што е и постигнато.

Понатаму, како што најавува министерот, ќе се оди со таргетирани мерки и задржување на стабилноста на економијата.

-Со ребалансот на буџетот продолжуваме со мерки за поддршка на граѓаните и фирмите. Издвоени се резервни средства за нови антикризни мерки. Издвоени се дополнителни средства за поддршка на земјоделците за раст на домашните приноси, за да на тој начин се амортизираат ефектите од високата цена на увозната храна. Издвоени се дополнителни средства за ранливите категории граѓани и за раст на пензиите на пензионерите. Сите овие се таргетирани мерки, бидејќи од особено значење, покрај поддршката за надминување на кризата е да се одржи макроекономската стабилност. Само стабилна економија може да продуцира силен и одржлив економски раст, истакнува министерот Бесими./МИА/

Next Post

Над 307.400 деца од Украина депортирани во Русија, украдени 15.000 тони сончоглед и 10.000 тони жито

Најново

Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис (27 април): Активирање на продуктивноста и аналитичкиот ум

April 26, 2026

Од печат излезе „Амбиент“ – книга осма на Зоран Иванов

April 26, 2026

(ВИДЕО) Историја во Лондон: Саве ја проби границата „под два часа“ и постави нов маратонски стандард

April 26, 2026

Николоски: ЕУ ни помагаат за изградба на коридорите 8 и 10

April 26, 2026

Ристески: Општина Аеродром троши 138 милиони денари за „сокачиња“, тендерот повторно кај омилената фирма на ВМРО-ДПМНЕ

April 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk