ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дрисла е класичен пример за катастрофалните инвестиции на ВМРО-ДПМНЕ

Сега, прва обврска на Град Скопје е депонијата Дрисла да стане санитарна депонија со современа технологија за управување со отпад. Целокупниот економски потенцијал сега ќе биде во служба на граѓаните. Претворањето на Дрисла во современа депонија ќе послужи како пример како треба да ги градиме и регионалните депонии против кои граѓаните реагираат стравувајќи за здравјето. Сега ќе покажеме како може да се обработува отпадот еколошки исправно и како може да се користи за производство на енергија, како што тоа го прават земјите од модерниот свет, додава Лазаревски.

January 23, 2020 15:52
in ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Со депонијата Дрисла повторно ќе управува Градот Скопје што значи дека ние граѓаните повторно сме сопственици на градската депонија. По деветгодишно сомнително функционирање и неисполнување на договорот за инвестиции и модернизирање на депонијата од страна на италијанскиот концесионер, Градот Скопје низ законита, легална и правна процедура, преку судските институции ја врати Дрисла под свое владение, вели Васко Лазаревски, советник во Советот на Град Скопје од СДСМ.

Заклучно со 2019-та година концесионерот имаше обврска да инвестира 70 милиони евра во реконструкција и обнова на депонијата, како и во зголемувањето на нејзиниот капацитет. Но, наместо тоа, ние граѓаните останавме со истите купишта ѓубре и во страв за своето здравје од несоодветното третирање на отпадот, додава тој.

Договорот за концесија потпишан од градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски, предвидувал постројка за индустриски и медицински отпад, постројка на селекција на отпад, нова механизација и опрема за зголемување на продуктивноста, гасна централа и прочистителна станица за контрола на отпадните води, но италијанската компанија „ФЦЛ Амбиенте“ имала и обврска да изгради нова административна зграда и како крајна цел да произведува струја од ѓубрето. Но, ништо од ова не е направено, со што, само се потврдува какви инвеститори носел ВМРО ДПМНЕ во државата и како ја загрозувале животната средина и здравјето на луѓето. Прво избрале компанија во крајно сомнителен тендер, а потоа му дозволиле на концесионерот да ја води играта без да следат и да реагираат на фирмата од Италија која не исполувала ништо од договореното, објасни советникот.

– Однесувањето на италијанските концесионери е идентично како она на партијата на Христијан Мицкоски, само се обврзуваат, ветуваат и на крајот ништо не испорачуваат, а при тоа најголеми жртви се граѓаните и нивното здравје. Овој пример е потврда за нестручното и аматерско однесување на функционерите на ВМРО ДПМНЕ. Ваквото нивно незнаење ни однесе во неповрат девет години, период во кој Дрисла требаше да прерасне во современа и технолошки опремена депонија, смета Лазаревски.

Сега, прва обврска на Град Скопје е депонијата Дрисла да стане санитарна депонија со современа технологија за управување со отпад. Целокупниот економски потенцијал сега ќе биде во служба на граѓаните. Претворањето на Дрисла во современа депонија ќе послужи како пример како треба да ги градиме и регионалните депонии против кои граѓаните реагираат стравувајќи за здравјето. Сега ќе покажеме како може да се обработува отпадот еколошки исправно и како може да се користи за производство на енергија, како што тоа го прават земјите од модерниот свет, додава тој.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Владата против корупција: Работата на функционерите под лупа како никогаш досега

НАЈНОВО

Кошта: Мора да најдеме решение за многу драматичната криза со домувањето во ЕУ

October 22, 2025

Реакција на Татјана Соколова Ристова за Фронтлајн, за текст објавен од МИА: Изјавата пренесена во текстот за судењето на Онкологија беше дадена од друго лице

October 22, 2025
Фото: МИА

Вучиќ: Пред Народното собрание се случи тежок терористички чин

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ацо Лукароски. Фото: лична архива

    Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бучковски: Потфрлувањето кај ВМРО-ДПМНЕ е евидентно, опозициските партии да соработуваат во вториот круг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Врисокот на Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Данела Арсовска по соопштението од Владата: Мицковски несреќо, на кого се закануваш?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk