ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Борел: Светот се соочува со драматична ситуација

June 20, 2022 18:30
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Шефот на ЕУ дипломатијата, Жозеп Борел, попладнево предупреди дека војната во Украина и блокадата на извозот на жито се вина на Русија и поради тоа светот се соочува со драматична ситуација, јави дописничката на МИА од Брисел.

Европската унија денеска преку министрите за надворешни работи на ЕУ директно ја обвини Русија за растот на цените и недостигот од прехранбени производи во светот, посебно во најсиромашните земји, како во Африка каде гладот демне.

Русија од своја страна обвинува дека ова е вина на санкциите на Западот против неа.

Борел денеска рече дека „ЕУ треба да се бори против овој наратив на Русија и да ги убеди партнерите во светот, затоа што ЕУ е во право“.

– Русија го блокира украинскиот извоз, ги уништува пристаништата и залихите на храна, транспортната инфраструктура, тоа предизвика глобална криза со храна, рече Борел и додаде дека над 20 милиони тони житарици се блокирани во Украина.

За него ова е намерна стратегија на Русија да ја користи храната како оружје за да предизвика глад во светот и да врши притисок.

Борел рече дека Европската унија ќе им испрати писмо на лидерите од африканските земји за да им образложи дека Русија е виновна за кризата, а не санкциите на Западот. До сега африканските земји внимателно се држат на страна од заемните обвинувања помеѓу Западот и Русија. Високи ЕУ претставници го критикуваа и претседавачот со Африканската Унија, Сенегал, затоа што не ја осудува јасно Русија.

Африка се соочува со постојани кризи на глад со децении кои се сега дополнително зголемени од почетокот на војната во Украина. Африка во огромен дел зависи од извозот на житарици од Русија и Украина.

Во писмото до африканските лидери ЕУ во детали ги објаснува санкциите против Русија, во кои не спаѓаат храната и ѓубривото. За Жозеп Борел прстот треба да се впери кон Москва од повеќе причини.

– Ако Русија испраќа сигнал дека е опасно да се плови по Црното Море тоа ги зголемува цените на осигурувањето, Русија наложува данок врз извозот, тоа ги зголемува цените, подготвени сме да простудираме, но нашите санкции не се виновни, рече првиот дипломат на ЕУ.

Тој додаде дека светот се соочува со драматична ситуација и дека војната во Украина нема наскоро да заврши. 

Next Post

СДСМ: Откако темата со изборите е затворена до 2024 година, Мицкоски да се откаже од блокадите

Најново

Вајц вели земјава не постигнала никаков напредок во реформите во последната година, според Мицкоски нема таков извештај од ЕУ

April 27, 2026
Форо: Скриншот, видео Ројтерс на ФБ

NBC News со анализа за теориите на заговор по нападот во Вашингтон

April 27, 2026

ССМ со петта Синдикална академија: Зајакнување на работничката борба во пресрет на големиот јубилеј

April 27, 2026
Брифинг на Венка Филипче

Филипче: Никогаш и никаде не кажавме дека ќе го напуштиме Собранието, тоа е само спин на премиерот

April 27, 2026
Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис (27 април): Активирање на продуктивноста и аналитичкиот ум

April 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk