ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери на средбата со Марин ја потврди подготвеноста на Собранието да го ратификува пристапниот протокол за членство на Финска во НАТО

June 20, 2022 19:16
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, денеска, се сретна со премиерката на Република Финска, Сана Марин, jaвува МИА.

Џафери истакна дека Северна Македонија ја цени поддршката на Финска во областа на евроинтеграциите и нејзиниот принцип дека билатералните проблеми со Република Бугарија не треба да бидат пречка за процесот на интеграцијата.

Тој истакна дека со Финска споделуваме исти политички определби и имаме многу добри односи, како на билатерален, така и на мултилатерален план. Потврди дека Северна Македонија ги поддржува аспирациите на Финска за членство во НАТО и ја потврди подготвеноста на Собранието да го ратификува Пристапниот Протокол за членство на Финска во НАТО што е можно поскоро.

Како што соопшти собраниската прес-служба, Џафери ја изрази и желбата за унапредување на односите во сите области и изрази спремност за подигнување на парламентарните односи на ниво на претседатели на Парламенти, на пратенички групи и други форми на меѓупарламентарна соработка.

Премиерката на Финска изрази задоволство што е во посета на Северна Македонија и ја пофали посветеноста и доследноста на земјата во спроведувањето на реформите и напорите за поскоро започнување на пристапните преговори. Таа ја повтори поддршката на Финска во тој контекст.

– Што се однесува до пристапувањето на Финска во НАТО, премиерката Марин го истакна единството на народот и политичките елити на Финска по ова прашање и решеноста на Владата да во преговори со Турција ги отстрани сите пречки за полноправно членство, се вели во соопштението.

Таа укажа и на досега успешните односи на Финска со Алијансата и ги наведе војните капацитети на Финска кои ќе придонесат во подигање на одбранбените можности на НАТО во источното крило.

На крајот двајцата соговорници ја потврдија спремноста на двете земји кои ги споделуваат истите демократски вредности, да работат заедно во решавањето на актуелните предизвици на континентот и за една подобра иднина.

Next Post

Александар Шапиќ избран за нов градоначалник на Белград

Најново

Анаис, хороскоп, Македонија, Скопје, стара железничка

Дневен хороскоп со Анаис – 28 април: Продлабочување на ефикасноста и зацврстување на здравите навики

April 27, 2026

Вајц вели земјава не постигнала никаков напредок во реформите во последната година, според Мицкоски нема таков извештај од ЕУ

April 27, 2026
Форо: Скриншот, видео Ројтерс на ФБ

NBC News со анализа за теориите на заговор по нападот во Вашингтон

April 27, 2026

ССМ со петта Синдикална академија: Зајакнување на работничката борба во пресрет на големиот јубилеј

April 27, 2026
Брифинг на Венка Филипче

Филипче: Никогаш и никаде не кажавме дека ќе го напуштиме Собранието, тоа е само спин на премиерот

April 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk