ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Вучиќ го информирал Борел за разговорите со Ковачевски и Рама за присуство на Самитот на ЕУ-ЗБ

June 21, 2022 14:34
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Српскиот претседател Александар Вучиќ телефонски разговараше со високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, при што го информирал за денешниот негов разговор со премиерите на Северна Македонија и Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама посветен на претстојниот Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел, јави дописникот на МИА од Белград.

– Во пресрет на претстојниот Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел, претседателот Вучиќ го информираше високиот претставник Борел дека утринава разговарал со премиерите на Албанија и Северна Македонија, Еди Рама и Димитар Ковачевски и дека е постигнат договор по консултациите со владите и советниците, утре напладне да ја соопштиме заедничката одлука за евентуално учество на овој собир, се наведува во соопштението на Прес-службата на Кабинетот на српскиот претседател.

Според соопштението, Борел изразил задоволство од напредокот постигнат во дијалогот Белград – Приштина на состанокот на главните преговарачи и специјалниот пратеник на ЕУ Мирослав Лајчак, кои заедно го усвоија Патоказот за спроведување на енергетскиот договор.

Вучиќ на разговорот порачал дека Србија е посветена на дијалогот како единствен начин за решавање на отворените прашања и постигнување одржлив договор во корист на секојдневниот живот на Србите и Албанците, како и на мирот и стабилноста во регионот.

Претходно, Вучиќ преку Инстаграм информира за неговиот денешен видео конференциски разговор со Ковачевски и Рама посветен на претстојниот Самит ЕУ – Западен Балкан, нагласувајќи дека одлуката за тоа дали ќе присуствуваат на средбата сите тројца ќе ја објават утре.

Вучиќ додаде дека со Рама и Ковачевски размениле мислења за идните чекори на заедничката иницијатива Отворен Балкан, пред се за Саемот на вино кој ќе ги собере најдобрите винари од регионот, како и за следната средба на која треба да се разговара „за бројни прашања од интерес на граѓаните од трите земји“.

– Заедно се бориме за јасна перспектива на Западен Балкан, уште посилна соработка и подобро поврзување, наведе Вучиќ во објавата на Инстаграм.

Самитот ЕУ – Западен Балкан, на кој се очекува учество на претставници на ЕУ и на лидерите од земјите од Западниот Балкан, треба да се одржи во четврток во Брисел, пред јунското заседание на Европскиот совет./МИА/

Next Post

Со нов закон до подобра заштита на потрошувачите од нечесни трговски практики

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk