ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Блажена вест

July 1, 2022 08:47
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Изјавата на Макрон ја примив како блажена вест.

Како вест дека во шталата на Европската унија во Брисел, Македонија ќе се роди уште еднаш.

Макрон тврди дека се работи за безгрешно зачнување.

Дека е таков компромисот што бил постигнат меѓу Северна Македонија и Бугарија.

Но, најгласните македонски гинеколози не мислат така.

Јас се плашам дека расправат за тоа дали е зачнувањето безгрешно или е резултат на жестоко дупење на македоската страна, ќе го замати фактот дека треба да добиеме нов живот.

Хахаха!

Ме израдува и ставот на владата која соопшти дека новиот предлог претставува основа за отворање на широк консултативен процес, најпрво во Владата и коалициските партнери, а потоа и со Претседателот на државата, со Парламентот и со опозицијата, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупна јавност во земјата.

Се разбира, на место е тоа што владата се труди да го исполни ветувањето дека одлуката за нашата иднина ќе ја донесеме заеднички, мериторно, согласно Стратешките интереси на земјата и на сите нејзини граѓани.

Така треба да биде во една минимум пристојна и демократска држава. Но, јас има сериозни сомневања во тие капацитети на Македонија. И на општ план способноста на нацијата за одговорно одлучување е значително намалена, а на конкретнава тема ќе се соочиме со хистеризирана маса која на се што доаѓа од Европа веќе почна да гледа сомничаво и со априорни оценки дека се работи за непријателски акти. Тоа, се разбира, не е случајно и спонтано, тоа е одработено во рамките на специјалната операција против Македонија од центри во Русија, Бугарија и Македонија. Фаворитот тука отсекогаш им биле вмро-дпмне.

Трето, ние немаме минимум пристоен медиумски сектор во кој може да се води одговорна дебата.

Четврто, опозицијата е настроена против влезот во Европската унија и се борат со сите сили за неуспех на тој план затоа што мислат дека успехот ќе ја бетонира позицијата на власта, а неуспехот ќе ги крене нивните шанси за освојување на власта.

Моето мислење е дека и граѓанскиот секотор во последно време го загуби прогресивниот фокус на многу теми, од ковидот и вакцините, до прашањето за името, идентитетот, историјата, културата итн.

Дури мислам дека ако во новиот предлог на Макрон стои дека до Нова година Европската унија ќе обезбеди враќање на Македонија во империјалните рамки на Александар, тоа ќе биде одбиено со образложение дека во таа територија не се опфатени две клучни села во Пакистан.

Но, боже мој, нека се отворат тие консултации.

Немаме друг избор.

Макар што народот плаче не за тоа да се прашува што мисли за тоа што не го разбира, туку за тоа некој просветен да ја презеде одговорноста и да го поведе.

Македонија не е направена во консултации, туку во борба.

Но, реков, нека да чуеме што мисли нацијата.

Да чуеме што за тоа мисли Сотир Костов.

Или Ристо.

Па Пандов.

Па Коцарев.

Па Катица, Биљана и Сузана.

Патриотскиот институт на вмро-дпмне.

Итн.

Мојата скромна сугестија е следнава:

Олабавете се, бре, Македонки и Македонци, никој ништо не ви може, јачи сте од судбине, јавнете ја европската дресина и правац Брисел, не се препичувајте и не заспивајте на пругата затоа што возот на историјата ќе ви ги отсече главата и нозете, а само со трупот не верувам дека можете да се реформирате и да се размножувате. Добро, полесно ќе го поднесете недостигот на храна или високите цени на бурекот со сирење, но тоа не е доволно за најбиблискиот народ од сите народи.

Мораме да отидеме во Европа, а ако се покаже дека не сакаме, Европа треба да не земе на своја рака.

Хахаха!

Не се заебавам.


Текстот е личен став на Авторот. Преземањето е дозволено според условите на Creative Commons 4.0.
Next Post

Почнува примената на блок тарифите за пресметка на струјата

НАЈНОВО

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

Касами со поддршка за кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќура

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk