ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Самоутепанството на Мицкоски

Не е Мицкоски со таква политичка „граѓа“ за некој да сака да го убие. Најмалку оние што се на власт. Па тој работи за власта! Добро, неговите намери се токму спротивни, но ефектот е таков - Мицкоски постојано ѝ помага на власта!

July 7, 2022 12:34
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ, селфи од неговиот ФБ профил, 11 ноември 2021 година

Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ, селфи од неговиот ФБ профил, 11 ноември 2021 година

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Ако Мицкоски го „свитка“ некој, тоа нема да биде некој од неговите политички неистомисленици. Сосема извесно е дека тоа ќе биде некој од неговото најблиско опкружување. И сигурно нема да биде со куршум, туку со малку повишен тон или, евентуално, шамар или клоца. Од неговиот шеф или од претендентите на „првата фотелја“ во Белата палата. Но, најверојатно, за да биде „елиминиран“, ќе биде доволно да му се испрати само еден СМС.

Не е Мицкоски со таква политичка „граѓа“ за некој да сака да го убие. Најмалку оние што се на власт. Па тој работи за власта! Добро, неговите намери се токму спротивни, но ефектот е таков – Мицкоски постојано ѝ помага на власта!

Неговата бескрајна желба да биде страдалник и жртва, за сите да го сожалат е илустрација за неговиот карактер. Тој е вљубен во себе на многу чуден начин. Секако не му недостасува патетика, ама онаква, народњачка, комична патетика. Турбофолкерска.

Да се разбереме, пукање со огнено оружје пукање со огнено оружје е загрозување на човечки животи, дури и ако е славеничко, на свадба или после изборна победа. Па нека е и за театар, договорен меѓу коалициски партнери, како што некои тврдат, тоа е крајно неприфатливо. И треба најостро да се казни, според законите. Оружјето мора да исчезне од животот на цивилното население.

Истото важи и за политичкото насилство што им стана главна доктрина на дејствувањето на партиите што се сега во опозиција. Може само да се замисли степенот на насилство што го предвидуваат кога би се дограбиле до власт.

Што се однесува до „атентатот“ на „кнез Мицко“, кога слегна прашината од засилениот марш на партиските пешадинци и кога се крена облакот од пропагандно испарување, се сетив на неговото селфи од болница, кога од вратот си вадеше масно ткиво. Тогаш, тој со разголено селфи од болничката постела, ја извести јавноста за уште едно свое херојство – отстрани масно ткиво од вратот, опкружен со целиот лекарски „конзилиум“, сосе цел еден кардиолог.

Тоа беше урнебесно комична ситуација. Мислев дека тогаш го досегна врвот, но по „атентатот“ што го „изведе“ човек од неговиот коалициски партнер (6 јули 2022), се уверив дека Мицкоски има поголеми „страдалнички“ идеи. Но планирањето му е слаба страна („занемарује тактику“). Наместен атентат се планира со исто толку внимание како и вистински, ако не и повеќе. Се планира со месеци и се изведува во голема тајност. Дури и тогаш е неизвесен исходот. Вака, ептен, не ја бива. Дури и штитеничката на Мицкоски, молчаливара скопска градоначалничка Данела, побрза да упати порака дека нема врска со оваа операција и брзопотезно го отпушти дури и братот на коалицискиот „атентатор“.

А ако погледнеме како течела целата „операција“ за „атентат“ врз нашиов кутар „страдалник“, ќе се смееме уште повеќе. Но доста беше смеење за еден ден. Соопштението на Арсовска, всушност, сосема доволно говори за тоа.

Дека постапката на Арсовска е прст во окото на Мицкоски (мини атентат) сведочи и брзата реакција на вмровскиот агитпроп офф.њет кој побрза да ја прекори градоначалничката со наасловот „Чуму вакви глупости, Данела?“

Кој ли му смести вакво нешто? Дали е тоа „ингениозниот“ рашист кого еден твитерџија го помеша со џогер? Ништо чудно.

Сигурно оние вмровци кои ги негуваат старите добри „машки“ традиции на физичко насилство се вон себе од огорченост. Стасаа дотаму, нивниот „кнез Мицко“ да ги употребува „мускулчињата“ на лажната Левица за да ја урива македонската иднина во ЕУ. Затоа велам, не му се пишува добро, но „каменот од блиску ќе му дојде“ и нема да биде во форма на атентат.

Во своето интервју, и поранешната пратеничка на вмро, Нола Исмајлоска-Старова за ЦИВИЛ Медиа изјави дека партијата на Мицкоски веќе одамна била во преговори за истите решенија, како и оние цо францускиот предлог.

И додека се привршуваше овој текст, не дојде камен, туку торпедо. Од блиску. Еден од лидерите на Алијансата за Албанците, д-р Арбен Таравари прво ја „нанишани“ Данела:

„Ако е точно дека директорот на Комуналец е разрешен, тука завршува нашата соработка со Данела во Град Скопје. Ова е мој личен став за кој ќе се залагам во раководството на Алијанса.“ (ТВ 24)

А потоа го дотепа и Мицкоски, велејќи дека не станувало збор за никакво нарачано убиство. Според него, човекот со пиштолот е член на Алијанса, бил револтиран што претходниот ден демонстрантите му го демолирале хотелот.

Секако, во комбинација останува и сценариото за договорен „атентат“. Како и да е, Мицкоски изврши (уште еден) автоатентат, што е нова појава во политичкото дејствување во историјата на светот. Ете, барем една утеха за „кнез Мицко“.

Но стратегијата за уривање на францускиот предлог, преку насилни протести и предизвикување меѓуетнички тензии и судири, дава слаби резултати. Дури и на Таравари и Данела им прекипе од „страдалникот“ Мицкоски и неговите акробации.

Што ли ќе смисли сега здружениот агитпроп на „љубовниот“ пар Мицкоски – Апасиев? Здравствуй, Москва! Вы нас слышите?


Текстот е личен став на Авторот. Преземањето е дозволено според условите на Creative Commons 4.0.
Next Post
Фото: М. Ацковска/ Фронтлајн

Регистрирани се 355 нови позитивни случаи на Ковид-19

Shortcut

Најново

Љутков и Перински од Струмица: Секоја нова инвестиција значи нова можност за локален, културен и туристички развој  

June 17, 2026

Филипче за Преспанскиот договор: Храбрите политики ја внесоа Македонија во НАТО, кукавичките ја држат сега во место

June 17, 2026

Сторијата „Женското е туѓа фамилија“ на Лени Фрчкоска и Марта Стевковска наградена со „Гласник на невидливите“

June 17, 2026

ВЛЕН: „One Stop Shop“ со Албанија ги зајакнува економските, туристичките и семејните врски

June 17, 2026

СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

June 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Турските граѓански организации целосно изоставени од програмата за финансиска поддршка на Министерството за односи меѓу заедниците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk