Позната инфлуeнсерка од Северна Македонија која е и ќерка на политичар од соседната земја е едно од уапсените лица на Миконос за учество во злосторничка организација која продавала кокаин и екстази на грчкиот остров Миконос, пишува грчкиот весник „Прототема“.
Девојката е опишана како 21 годишна русокоса со многу следбеници на Инстаграм koja „оперирала“ заедно со уште двајца македонски државјани и еден познат либански ди-џеј. Лидер на групата бил 34 годишен скопјанец, а десна рака му бил 35 годишен сонародник. Четвртиот уапсен во групата, либанскиот државјанин живеел во Атина.
Првични неофицијални информаци говорат дека станува збор за ќерката на Горан Петров од ВМРО-ДПМНЕ, поранашен градоначалник и пратеник, очекуваме потврда.
Според грчкиот весник, секој член на групата имал свои задачи, а полицијата ги следела веќе подолго време. Инспекторите и полицајците на Миконос решиле да дејствуваат, пишува Прототема, кога групата одлучила да го напушти хотелот во кој била сместена. При апсењата и претресите се одземени 220 грама кокаин, 270 грама метаамфетамини, 437 таблети екстази и околу 160 грама канабис. Истрагата за идентификување на нивните контакти продолжува.
Либанскиот ди-џеј кој е уапсен како дел од групата се претставил како клиент пред полицијата. Според Прототема, дал исказ дека тој само купувал дрога од криминалната група од Скопје. Кај него полицијата нашла 3,7 грама кокаин.