ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Мицотакис и Петков свечено го отворија гасоводот ИГБ што ги поврзува Грција и Бугарија

July 8, 2022 16:11
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Симболично, со вртење на славината за проток на природен гас, премиерите на Грција и Бугарија, Кирјакос Мицотакис и Кирил Петков, во грчкиот град Комотини го отворија гасоводот ИГБ што ги поврзува двете земји, јави дописничката на МИА од Атина.

Двајцата премиери на свечената манифестација се осврнаа на важноста на конкретниот гасовод, Мицотакис рече дека e „одлучувачки енергетски мост кој го поврзува географскиот југ со северот, зближувајќи ги во првата фаза Грција и Бугарија“, а Петков истакна дека „денешниот ден ќе остане во историјата и запаметен како симбол за стремеж за политичка, економска и енергетска независност“.

Грчкиот премиер истакна дека по руската инвазија во Украина е понеопходно од било кога да постои координирана активност на земјите од Европа пред „свесниот избор на Москва да ги претвори природните ресурси во алатка за вршење политички притисок“, а одговорот е енергијата да се искористи како „средство за взаемна помош, взаемна поддршка и заеднички напредок“, потенцирајќи дека Грција има водечка улога во овие напори.

Потсети дека темелите на проектот беа поставени во 2009 година кога беше потпишан меморандумот за соработка и објасни дека конкретниот гасоводот ќе се поврзе со ТАП.

-Заедно со останатите енергетски инфраструктури што се планирани и започнати, заедно со интерконекторите со Северна Македонија, со Италија, ќе биде сигурна дистрибутивна мрежа за природен гас до пазарите пред сè на Балканот, а и на самата Европа, во исто време ќе ги диверзифицира своите извори на снабдување. На овој начин се зајакнуваат енергетската безбедност, логистичката безбедност на сите поврзани земји, рече Мицотакис.

Порача дека ИГБ е енергетски гасовод, но во исто време е и „гасовод на вредности што ќе ја пренесе пораката за националната безбедност, балканската солидарност, транснационалната соработка и благосостојбата на народите“.

Мицотакис се осврна и на терминалот за природен течен гас ЛНГ во Александруполи, велејќи дека Грција ќе биде порта за влез на енергија за целиот европски континент.

Премиерот на Бугарија му се заблагодари на неговиот грчки колега за целосната политичка поддршка и нивната соработка, рече дека почнува ново поврзување и ново геополитичко пријателство, а гасоводот ќе ја смени мапата на регионот.

-Природниот гас тргнувајќи од овој гасовод ќе ја зајакне соработката, ќе добиваме азербејџански гас во следните седмици и ова ќе значи крај за рускиот монопол и така, ќе имаме пристап до различни извори на енергија, рече Петков.

Обраќајќи му се на Мицотакис додаде дека за да се постигне нешто, потребен е посветен лидер, посветен пријател кој ги дели истите цели, а токму тоа е она што се случило во изминатите шест месеци.

По свеченото отворање, двајцата премиери остварија и билатерална средба.

Гасоводот ИГБ во должина од 182 километри го поврзува националниот систем за пренос на природен гас на Грција, во регионот на Комотини, со соодветната мрежа во Бугарија во регионот Стара Загора, во првата фаза има капацитет годишно да пренесе три милијарди кубни метри природен гас, што може во иднина да се зголеми на пет милијарди кубни метри годишно, а се очекува наесен, најдоцна до 1 октомври 2022 година да почне да функционира на трговско ниво./МИА/

Next Post

МНР: Нашата Амбасада во Атина е во контакт со грчките власти во врска со тројцата македонски државјани осомничени за шверц на дрога

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk