Претставувајќи се како херој, страдалник и маченик Христијан Мицкоски утрово на српската телевизија Прва ја убедуваше српската јавност дека уапсениот пиштолџија од инцидентот кај Скендербег не бил активист на неговиот довчерашен коалиционен партнер Алијанса, туку дека бил вработен во МВР облечен како цивил.
Откако македонската јавност не ги купи лагите на Мицкоски за наводно некаков заговор за негово убиство, тој своите приказни продолжи да ги раскажува на српски медиуми, претставувајќи се себеси како политичар кој имал убедливо најголем рејтинг во Македонија.
Д. Е.