ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Поставен камен-темелник на првата градинка во скопската населба Пролет

July 11, 2022 11:24
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски денеска го поставија камен-темелникот на првата градинка во населбата Пролет.

Проектот, како што информираше Герасимовски, е целосна инвестиција на Општина Центар, во износ од 154.243.997 денари. Новата градинка ќе има подрумски простори, приземје и еден кат со капацитет за згрижување 150 дечиња во девет занимални. На површина од 3.276 метри квадратни, оваа градинка ќе биде една од најголемите детски градинки во државата.

– За нас инклузивноста во образовниот процес е особено важен, затоа во градинката имаме надворешно игралиште до кое можат да пристапат и деца со попреченост, ќе биде изграден и лифт за лица со инвадилитет и попреченост во движење. Особено важно е што градинката ќе располага со просторија за лекар, со изолација за дете и просторија за стручни соработници. Предвидена е изградба на кујна само за потребите на градинката, со што децата ќе добиваат свежо приготвена и здрава храна, соопшти градоначалникот на Општина Центар.

Министерката Тренчевска ја поздрави идејата да се вклучат и децата со попреченост, бидејќи како што посочи секое дете има право да биде дел од предучилишното образование.

– Ме радува што при креирање на проектот, особено се внимавало и на просторот на игра во надворешниот дел, урбана градина, простор исполнет со песок и земја, детски реквизити до кои можат да пристапат деца со попреченост. Ова е особено важно бидејќи децата учат низ игра, се стекнуваат со вештини, се социјализираат и градат пријателства, изјави министерката.

Таа најави дека до крајот на годината предвидено е отворање на уште 13 објекти на територија на цела држава со опфат за околу 1.360 деца и дополнително 15 градинки коишто се во тек и кои ќе бидат отворени во текот на 2023 година со вкупен капацитет од 1.905 деца.

– Од 2017 година до денес само на територија на градот Скопје се отворени 17 нови детски градинки, а до крајот на годината е предвидено отворање на уште четири објекти во општина Ѓорче Петров, Карпош, Аеродром и општина Сопиште, а градинките во општина Чаир и Арачиново коишто се во тек на градба ќе бидат отворени во текот на 2023 година, соопшти Тренчевска и додаде дека со новите градинки, бројот на децата коишто ќе бидат опфатени во предучилишното образование ќе се зголеми, особено на територија на град Скопје каде што има дефицит од градинки./МИА/.

Next Post

Бочварски: Над 20 проценти е изградена браната на река Отиња

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk