ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Втор ден собраниска расправа за ребалансот на Буџетот

July 12, 2022 15:10
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Собранието втор ден се расправа за ребалансот на Буџетот, која согласно Деловникот за работа, може да трае најмногу пет работни дена. Расправата продолжува по редовната пауза дадена од потпретседателот на Собранието Горан Мисовски.

Според пратениците од власта, овој ребаланс е наменет кон човечкиот капитал и подобрување на условите на граѓаните, додека пак, опозициските пратеници посочија дека земјава со брз чекор се движи кон рецесија и сиромаштија.

Пратеникот на Алијанса за Албанците, Атнан Незири рече дека ќе се соочите со уште еден ребаланс, расходите да се доведат на минимум бидејќи е криза. Реагираше затоа што не се прифаќаат амандманите на опозицијата или се прифаќаат во видоизменета форма.

Според пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски, ребалансот е соодветен и навремен во однос на глобалните текови, предвидени средства за зајакнување на економијата, ребалансот е насочен кон справување со економската криза.

– Со овој ребеланс се намалуваат непродуктивните трошоци и сите средства се насочуваат кон човечките ресурси. Се очекува да има и раст на побарувачката на работната сила. Јавниот долг е намален за 3,7 проценти, рече Каевски.

Бојан Стојановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ на седница праша дали платите ја губат борбата со инфлацијата, колкава е реализацијата на капиталните инвестиции. Посочи дека е лага оти непродуктивните трошоци се скратени, бидејќи, како што рече, патните расходи се повеќе, а договорните услуги останале на исто ниво.

Санела Шкријељ, независна пратеничка, истакна дека со овој ребаланс предвидени се средства за унапредување на правата на лицата со попреченост, да се стекнат со квалитетно образование и да имаат пристап до пазарот на труд. Се трга староснста граница до 26 години за ослободување од плаќање за партиципација.

Во Дополнетиот ребаланс на Буџетот се вградени амандмани со кои се обезбедуваат дополнителни 25 милиони денари за здравството, животната средина и инфраструктурата.

Вкупните приходи се планирани на ниво од 245,8 милијарди денари и се за 6,9 милијарди денари повисоки во однос на првичните проекции на Буџетот, додека вкупните расходи се планирани на ниво од 288,5 милијарди денари или се околу 16 милијарди денари повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за 2022 година. Дефицитот е планиран на ниво од 42,7 милијарди денари, односно 5,3 проценти од БДП.

Капиталните расходи се планирани на ниво од 32,1 милијарди денари, а економскиот раст е проектиран на 3,2 проценти. Бруто-инвестициите се очекува да имаат раст од пет проценти, при што покрај капиталните буџетски расходи, соодветен придонес се очекува и од приватните инвестиции./МИА/

Next Post
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Владата достави до Собранието дополнување на Информацијата за содржината на Предлог - преговарачката рамка

НАЈНОВО

Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

Судијка трајно го блокира распоредувањето на Националната гарда во Портланд

November 8, 2025

Почина нобеловецот Вотсон – еден од научниците што ја откри структурата на ДНК

November 8, 2025

ЛДП ќе бара поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk