Панел дискусијата од серијата Во фокусот на ЦИВИЛ, на тема „Национализмот на политичката улица“.
На настанот се дискутираше за повеќе аспекти на националистичкиот наратив што стана придружен елемент на актуелните протести против европскиот предлог за пристапни преговори на Северна Македонија за членство во ЕУ.
Учесници на панелот се Роберт Алаѓозовски, Национален координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка, Сретан Димитриевски од Асоцијација- Центар за антитероризам и мир, Гардијан -Куманово, Тони Ангеловски од МВР, Биљана Јордановска и Дијана Тахири од ЦИВИЛ. Настанот го води Џабир Дерала, ЦИВИЛ.