ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

(ИНФОГРАФИК) „Градски паркинг“ лани издал над 15.000 нови бесплатни дозволи за паркирање, а отворил само 38 паркинг места

August 1, 2022 13:30
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Наместо да се решава проблемот со паркирање во Градот Скопје, главниот град од година во година се соочува со поголем проблем поради хаосот во паркирањето. Градската администрација и јавното претпријатие „Градски паркинг“ се насочени кон издавање на нови бесплатни дозволи за паркирање, но не и кон изградба и инвестирање во монтажни гаражи, катни гаражи и други јавни површини кои би можеле да се пренаменат во паркинзи, пишува Мета.мк.

Од јавно достапните податоци објавени од ЈП „Градски паркинг“-Скопје може да се забележи дека во 2021 година биле издадени рекорден број на бесплатни дозволи за паркирање на категоријата „станари“ – дури 139.819. Во споредба со 2020 година, лани бројот на овие бесплатни дозволи е зголемен за над 15.000. Наспроти ова, јавното претпријатие во 2021 година успеало да пушти во употреба само 38 нови места за паркирање.

Во Годишниот извештај за работењето на ЈП „Градски паркинг“ за 2021 година се наведува дека убедливо најголем број на бесплатни дозволи за паркирање биле издадени на подрачјето на Општина Аеродром – 109.537, по што следи зонското паркирање во Општина Центар со 21.713 бесплатни дозволи за паркирање за станарите. Дополнителни 8.533 бесплатни дозволи за паркирање лани биле издадени во „затворените“ јавни паркиралишта.

Постојаниот раст на бројот на возила доведува до тоа бројката на достапни паркинг места од ЈП „Градски паркинг“ да не е доволна за опслужување на граѓаните и компаниите. Во 2021 година ова јавно претпријатие имало 9.434 паркинг места за корисниците на бесплатните дозволи за паркирање на станарите, но и за сите останати категории на граѓани кои со своето возило се обидуваат да пронајдат паркинг место за своето возило во сообраќајниот хаос во Скопје.

Во меѓувреме, Мета.мк веќе пишуваше дека бројот на регистрирани возила во земјава продолжил да расте, заедно со зголемувањето на увозот на возила од странство. Идентична е ситуацијата и во главниот град, каде што бесплатните дозволи за паркирање засега не им вршат работа на станарите поради наголемувачкиот број на дополнителни возила на кои им е потребно паркинг место.

За да биде ситуацијата уште попроблематична во делот на паркирањето, ЈП „Градски паркинг“-Скопје изминативе години нема инвестирано, ниту пак има најава дека во догледно време ќе вложи во изградба на монтажна гаража на некои од постојните паркинзи во Скопје или пак би инвестирал во нова катна гаража за решавање на проблемот со паркирањето.

Наместо ова, новото градско раководство во Скопје на почетокот од годинава се одлучи да ја намали цената на паркирање на оние локации со кои управува ЈП „Градски паркинг“. Па така, Градот Скопје изврши намалување на цените на услугите во зоната А0 од 100 на 75 денари за еден час, во зоната А од 50 на 40 денари, во зоната Б од 40 на 30 денари, а во зоните Ц и Д од 30 на 25 денари за 1 час.

На тој начин, во центарот на Скопје се предизвикува уште поголем притисок врз нивните паркиралишта, бидејќи политиката на ова претпријатие на нивните паркинзи не е усогласена со повисоките цени за паркирање коишто ги нуди ЈП „Паркинзи на општина Центар“ на локациите кои се под нивна контрола.

Конкретен пример за драстично различните цени за паркирање е затворениот паркинг кај Домот за градежници, каде цената на паркирање што ја нуди ЈП „Паркинзи на општина Центар“ е 250 денари за еден час паркирање по возило. Од спротивната страна на улицата „Димитрие Чуповски“, пред гимназијата „Јосип Броз Тито“, ЈП „Градски паркинг“ наплаќа 30 денари од час за паркирање на едно возило.

Поради ваквите разлики меѓу двете јавни претпријатија, бесплатните дозволи за паркирање се безвредни за станарите од централното градско подрачје, кои се приморани да плаќаат дополнителни месечни билети за паркирање на други затворени паркиралишта, поради тоа што на паркиралиштата на ЈП „Градски паркинг“ или на ЈП „ПОЦ“ редовно не може да се пронајде паркинг место.

Инаку, Мета.мк веќе подолго време пишува за потребата од изградба на големи паркиралишта и за воведување на проектот „Паркирај и вози“ на периферијата на Скопје, но и за оваа мерка за која се неопходни инвестиции, засега не постои интерес од скопското градско раководство.

Next Post

Галаб Донев назначен за привремен премиер на Бугарија, Радев ги закажа парламентарните избори за 2 октомври

Shortcut

Најново

Љутков и Перински од Струмица: Секоја нова инвестиција значи нова можност за локален, културен и туристички развој  

June 17, 2026

Филипче за Преспанскиот договор: Храбрите политики ја внесоа Македонија во НАТО, кукавичките ја држат сега во место

June 17, 2026

Сторијата „Женското е туѓа фамилија“ на Лени Фрчкоска и Марта Стевковска наградена со „Гласник на невидливите“

June 17, 2026

ВЛЕН: „One Stop Shop“ со Албанија ги зајакнува економските, туристичките и семејните врски

June 17, 2026

СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

June 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Турските граѓански организации целосно изоставени од програмата за финансиска поддршка на Министерството за односи меѓу заедниците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk