ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

МНР: Иванов има право да ги застапува правата и интересите на државјаните на Бугарија кои живеат во Северна Македонија, но не и правата и интересите на здружение на граѓани регистрирано во Северна Македонија

August 5, 2022 19:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија го следи и нотира ангажманот преземен од страна на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во врска со евентуални наводи за извршена дискриминација во случајот со здружението Иван Михајлов од Битола.

„Цврста заложба на Министерството е сите вакви и слични примери да се решаваат институционално, согласно позитивните законски прописи на Северна Македонија, при што ги охрабруваме сите физички и правни лица  да ги искористат овие правни инструменти и механизми, во докажувањето на овие евентуални или било кои примери на дискриминација.

Тоа е право за секого, но и обврска за надлежните институции на државата, која е задолжена да ги почитува и штити правата и слободите на човекот и граѓанинот.

Што се однесува до присуството на Генералниот конзул на Република Бугарија во Република Северна Македонија, со седиште во Битола, г-дин Димитар Иванов, за време на увидот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во просториите на Културниот центар во Битола, Министерството нагласува дека согласно Коненцијата за конзуларни работи, тој немаше право да биде присутен на увидот бидејќи се работи за постапка во која се вклучени две здруженија, правни лица од Северна Македонија, регистрирани согласно постојните законски прописи на државата.

Г-динот Иванов има право да ги застапува правата и интересите на државјаните на Република Бугарија кои живеат во Република Северна Македонија, но не и правата и интересите на здружение на граѓани регистрирано во Република Северна Македонија.

Министерството за надворешни работи ја користи оваа прилика уште еднаш да ги охрабри сите граѓани да ги користат правните механизми за заштита од дискриминација, како примарен начин за заштита на своите права и слободи.

Министерството укажува на обврската на сите институции, во случајот на Комисијата која покрива особено чувствителна проблематика, професионално и објективно да пристапуваат кон ваквите претставки и предмети, со цел да се одбегне било каква политизација во решавањето и заштитата на правата на физичките и правни субјекти“, велат од МНР.

Next Post

Пожарот во Прешево видлив и во Куманово

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk