Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје во содејство со полициски службеници од битолската Полициска станица изутрината во 03.00 часот во Битола го лишиле од слобода Р.Е.(24) од Скопје.
Како што информираа од Министерството за внатрешни работи, за него биле распишани три централни потерници и два централни расписa, од кои една потерница од Основниот кривичен суд Скопје за издржување на казна затвор во траење од две години, за сторено кривично дело „тешка кражба“, а две потерници од Основното јавно обвинителство Струмица, за постоење основано сомнение за сторени кривични дела „одземање на моторно возило“, „тешка кражба“ и „разбојништво“.
Двата расписа се поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“ од Единицата за внатрешни работи Карпош и Единицата за внатрешни работи Гази Баба.
Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Битола за понатамошна постапка.