ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Активната транспарентност на министерствата и Владата изнесува 85 отсто, на општините 70 проценти

Својата активна транспарентност годинава ја подобриле дури 81 процент од институциите.

August 18, 2022 11:18
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2022 година изнесува 73 проценти, што е подобрување за десет процентни поени во однос на минатата година кога изнесувало 63 отсто, покажува најновото рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер на Центарот за граѓански комуникации.

Рангирањето се објавува еднаш годишно од 2016 година и во него се вклучени 98 институции, односно Владата и сите министерства и општини.

Својата активна транспарентност годинава ја подобриле дури 81 процент од институциите.

Активната транспарентност на министерствата и Владата изнесува 85 отсто, а на општините 70 проценти. За разлика од лани, министерствата се подобриле за 6 процентни поени, а општините за 10.

Две институции: Министерството за одбрана и Владата имаат по максимални 100 проценти, односно ги објавуваат сите предвидени информации од активната транспарентност.

Потоа следуваат Министерството за локална самоуправа со активна транспарентност од 95,5 проценти, па Министерството за финансии – 94,4 отсто, Министерството за внатрешни работи, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за здравство и Министерството за образование и наука сите со по 91,7 проценти активна транспарентност и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со 91,3 проценти.

Најмала активна транспарентност имат Министерството за политички систем и односи со заедниците – 54,3 проценти и Министерството за надворешни работи – 60,9 отсто.

Потоа следуваат Министерството за транспорт и врски – 75 проценти, Министерството за култура – 77,1 отсто, Министерството за економија – 81,3 проценти, Министерството за правда и Министерството за труд и социјална политика со по 83,3 отсто и Министерството за информатичко општество и администрација со активна транспарентност од 89,6 процнти.

Од општините три се наоѓаат на третата позиција, со високи 97 проценти исполнетост на обврските за објавување информации според активната транспарентност и се воедно лидери – Битола, Валандово и Карпош.

Најслаба транспарентност од општините имаат Арачиново со 8,7 проценти и Зелениково со 17,4 отсто активна транспарентност.

Меѓу регионите, на првото место е Југоисточниот Регион со 84 проценти активна транспарентност, додека на последно место останува Скопскиот Регион со 56 отсто активна транспарентност.

Најмалку информации и министерствата и општините објавуваат за финансиите, само 56 проценти од можни 100 отсто кај општините и 82 проценти од можни 100 отсто кај министерствата.

Од Центарот за граѓански комуникации, информираат дека на барањата за слободен пристап до информациите од јавен карактер, општините во просек одговарале за 12 дена, што е подобрување во однос на минатата година кога тоа било за 17 дена. Кај министерствата овој рок е 16 дена и нема помрднување во однос на лани кога, исто така било за 16 дена. Во рамките на максималниот законскиот рок од 20 дена одговориле 93 проценти од институциите.

Next Post

Надал го загуби првиот меч одигран по закрепнувањето од повредата

Shortcut

Најново

Медиумски пирати

September 13, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Масовен „Марш за слобода“ во Приштина во пресрет на пресудата во Хаг: „Цело Косово ве чека, ослободители!“

September 12, 2026

(TECH FRONT рапорт) Дванаесет дена што ја раздвижија вештачката интелигенција: Модели од новата генерација и глобални предизвици

September 12, 2026
30 години независност, 2021

35 наспроти 30 години независност: 25 пати повеќе пари, нула транспарентност

September 12, 2026
Никола Спасов

Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

September 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk