ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска: Струшките вечери на поезијата се отрезнувачка опомена, а поетите се наши исцелители

August 26, 2022 11:11
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Со поетски  омаж на добитиникот на „Златниот венец“ за 2020 година, Амир Ор, денеска во предворјето на црквата „Света Богородица“ во Калишта, продолжува 61. издание на фестивалот Струшки вечери на поезијата.

Како што според зборовите на американскиот поет Роберт Фрост: „Секоја песна започнува со кнедла во грло“, ќе бидам искрена, и јас го почнувам овој говор со тоа чувство. Во свет во кој поезијата сѐ помалку ја има, а сѐ повеќе ни треба и ако поезијата е кралица на литературниот израз, тогаш Струга е светска престолнина на поезијата и вечерва – рече министерката за култура Бисера  Костадиновска-Стојчевска на отворањето на 61-то издание на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“.

Младите, за жал, сѐ помалку читаат. Ги нарекуваат генерации на слики, а не на зборови. И, за жал, воопшто, како сите сѐ помалку да комуницираме и сѐ помалку да зборуваме. Најубавите зборови од мајчините јазици ги заменуваме со „емотикони“. А каде е зборот, каде се чувствата?! – запраша министерката.

Затоа, додаде таа, Струшките вечери на поезијата се отрезнувачка опомена, а поетите се наши исцелители.

Ќе се запали фестивалскиот оган, од Мостот на поезијата ќе ги понесе Дрим вашите стихови, ќе се отвори хоризонтот над Охридското Езеро и тој син бескрај ќе ви остане во очите засекогаш. А нам, за возврат, подарете ни убав збор, убава песна та макар почната и со „кнедла во грлото“ – порача Костадиновска-Стојчевска.

Манифестацијата беше отворена на летната тераса на хотелот „Дрим“ во присуство на голем број поети од земјава и од странство, како и на владини претставници и љубители на пишаниот збор.

Во следните фестивалски денови на „Струшките вечери на поезијата“ ќе може да се чујат 24 поети од странство и 30-ина од државава.

 

Next Post

Одредени групите во ЛШ: Елмас во група со Ливерпул, Адеми и Ристовски против Милан

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk