ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

(ВИДЕО) Петрунова: Зелените вредности во нашето општество се загрозени и потценети

August 26, 2022 16:44
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

„Не може генерално да се каже дали има или нема урбана култура, бидејќи некои негативни вредности може да претставуваат урбана култура. Под урбана култура можеме да подразбереме сите вредности, позитивни или негативни кои се негуваат во некое урбано општество. Најчесто, тоа подразбира населба од типот на град. Во однос на зелените вредности како се негуваат во нашето општество, сметам дека се многу загрозени и потценети. Мислам дека не се разбира многу што тоа значи зелени вредности и некој тип на зелена култура“, вели Ива Петрунова, магистер, инженер архитект, урбан социолог, доктор на општествени науки, на панел дискусијата на ЗЕЛЕН ЦИВИЛ на тема „Зелени вредности, трансформација на општеството во корист на сите“.

„Кај нас зеленилото најобично се поврзува веднаш со екологија. Не дека не е така. Отворете обичен учебник од основно одделение ќе видите дека таму пишува дека зеленилото го прочистува воздухот и благопријатно делува, меѓутоа не е само тука улогата на зеленилото бидејќи природата создава еден сплет на многу покомплексни вредности од тоа. Влијае на тоа како раснат децата што се во природа во однос на оние што живеат во урбана средина. Позитивно влијае и на многу модерни психички болести од типот на депресија анксиозност“, објасни Петрунова.

Зеленилото практично не учи на еден природен процес на живот, наспроти ова наше постмодерно и  општество на конзумеризмот, каде учиме дека сѐ може да добиеме многу брзо и цело време сме во некоја трка, додека оние општества кои се повеќе изложени на природата ја имаат таа смиреност, бидејќи на некое потсвесно ниво црпат од природата, какви се животните процеси. Природата има многу широк опсег на вредности од кои ние треба да учиме и кои се всушност многу природни за нас. Треба само да ги воочиме, а тоа треба да ни биде дозволено од нашето опкружување кое е загрозено во моменталната ситуација.

„Природата на самата природа е демократска. Ние сметаме дека демократијата и сите овие вредности за кои зборуваме тргнуваат од општеството и од човекот. Меѓутоа ако земеме да ја анализираме природата ќе видиме дека целата разноликост всушност потекнува од природата. Ние имаме цели синџири на исхрана, каде ако тргнете само едно суштество од тој синџир на исхрана целтата природа се пореметува. Во таа смисла природата нас не учи дека сите заедно формираме една целина и така сме подобро општество“, заклучи Петрунова.

Извор: Зелен Цивил

 

 

Next Post

Британското Министерство за одбрана: Офанзивата на Русија во Украина запре поради жестокиот украински отпор

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk