ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Манастирот Трескавец чека интензивна заштита и од странски експерти

August 28, 2022 11:36
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Манастирот Трескавец ќе добие интензивна заштита со програмата за наредната година и проект за конзервација на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ што подразбира ангажирање домашни и странски експерти, најавува научниот советник, археологот Бранко Ристески од прилепскиот Институт за старословенска култура.

Македонските научници пред три месеци на конференција за заштитата на културното наследство, преку примерот на светско признатото културно богатство – манастирскиот комплекс Трескавец, предупредија и алармираа дека комплексот итно треба да се заштити, особено Црквата која е во опасност од подземните води и временските неприлики.

Завршниот сегмент на работилницата на крајот на мај, токму во манастирот Трескавец, беше оформување тело кое би ги актуализирало проблемите со кои се соочува Трескавец, а тоа значи севкупната заштита на културното наследство. МАНУ писмено се обрати до Владата, особено до Министерството за култура и до МПЦ. Стигна повратен одговор дека овие институции целосно ќе се стават во заштитата на културното наследство на комплексот Трескавец. Од Министерството за култура се добиени гаранции дека во програмата за наредната, 2023 година, едно од централните места ќе заземе заштитата на манастирот, особено црквата  „Успение на Пресвета Богородица“, што подразбира изработка на проект за конзервација со ангажирање на домашни и меѓународни експерти, како и заштитата на античкиот локалитет и заокружување на сознанијата за античката населба Колобаиса, објаснува Ристески.

Тој додаде дека Институтот подготви предлог проект за доистражување на материјалните остатоци од античката населба Колобаиса во функција на изработка на проект за конзервација на досега откриените остатоци, а кое вели, ќе има големо значење во заштитата на комплексот од пожари и непогоди. 

Сериозно се сфаќаат гаранциите на институциите, во спортивно, посочува Ристески, би било срам пред светот неповратно да се загуби ова бесценето културно наследство.

Сакаме да веруваме дека најповиканите и најкомпетентните институции по три месеци од одржувањето на научната конференција соодветно реагираат. Во овој период најсоодветно што може да се направи е планирањето за наредната година, интензивирање на активностите. Оваа година се смета за подготвителна за севкупните и обемни зафати за 2023 година. Сите сме сведоци, дури и оние кои не се експерти, дека постои сериозна закана за уништување, особено на манастирската црква „Успение на Пресвета Богородица“, па и на другите културни содржини. Состојбата е несомнено алармантна, без поголеми анализи. Ова е можеби последен момент кога може нешто посериозно да се направи. Од тие причини сум уверен дека не се само празни зборови, бидејќи за година-две ќе имаме ситуација која ќе биде за срам на целата општествена заедница, бидејќи несомнено имаме обврска да го заштитиме ова културно наследство кое спаѓа во светската културна оставнина. Многу е реално и извесно да падне и да се урне црквата. Има услови за девастација, почнувајќи од подземните води, ерозијата на теренот од временските услови и непогоди. Сето е евидентно и за лаиците, а камоли за стручните лица, вели археологот Ристески, научен советник во Институтот за старословенска култура од Прилеп.

Како културен комплекс Трескавец е од 12 век, а архелошките остатоци упатуват на милениумски континуитет на културно-социолошко наследство од Пелагонискиот регион. 

Извор: МИА

Next Post
Злоупотреба на животни, антиевропски протести, Скопје, 13 јули 2022 година

Не мора да се будите. Добра ноќ.

НАЈНОВО

Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025

Герасимовски: Во недела заеднички да ја потврдиме победата

October 31, 2025

Мицкоски до гласачите на СДСМ: Заокружете го бројот 9 за да почне катарза во вашата партија

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како дојде до укинување на санкциите кон Додик: Кој сѐ и зошто лобираше за него во САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk