ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Трамп го претстави мировниот план за израелско-палестинскиот конфликт, Хамас го одби

Планот на Трамп за Блискиот Исток повикува на создавање палестинска држава со престолнина во Источен Ерусалим, но од Палестинците се бара да ги прифатат условите кои претходно не беа подготвени да ги разгледаат, како што се еврејските населби на Западниот брег. 

January 28, 2020 22:57
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Палестинското движење Хамас денеска го поддржа палестинскиот претседател Махмуд Абас и неговата одлука да го одбие планот на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток. Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија изјави дека оваа група, која е на власт во Појасот Газа, ја поддржува „ цврстата позиција“ на Абас и го отфрла мировниот план на Белата куќа.

Ханија ги повика сите палестински фракции да ги остават настрана своите несогласувања и да се обединат против планот на Трамп, јавија американските медиуми.

Абас најави итен состанок на Западниот брег, по објавувањето на планот на Трамп, на кој се повикани и претставниците на Хамас.

Планот на Трамп за Блискиот Исток повикува на создавање палестинска држава со престолнина во Источен Ерусалим, но од Палестинците се бара да ги прифатат условите кои претходно не беа подготвени да ги разгледаат, како што се еврејските населби на Западниот брег.

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска го претстави блискоисточниот мировен план што неговата администрација го разработи со цел регулирање на конфликтот меѓу Израел и Палестина.

Во заеднички настап со израелскиот премиер Бенјамин Нетенјаху во Белата куќа, Трамп изјави дека „Израел денеска прави голем чекор на патот кон мир“.

Тој истакна дека е задоволен со постигањата на државата Израел и стремежот да не се повторат трагичните страни од историјата на еврејскиот народ.

-Сите во Израел сакаат мир, изјави Трамп.

Според планот на администрацијата, Ерусалим останува неделлива престолнина на Израел. Додека на Палестинците им се дава историска шанса да создадат независна држава.

Говорејќи за судбината на Палестина, претседателот истакна дека станува збор за декади на неисполнети ветувања. Тој спомна дека САД издвоиле 50 милијарди долари помош за потребите на идната палестинска држава.

Од тој аспект, ја истакна важноста на борбата со сиромаштијата како еден од аспектите на палестинскиот проблем. Но и неопходноста да се запрат терористичките организации и да се надмине омразата кон Израел во регионот.

Ја истакна и тешката состојба на младите на Блиски исток, кои, според него, влегуваат во живот без надеж, и САД имаат намера да се исправи состојбата на овој план.

-Дојдено е време да се исправат грешките направени од арапските земји во 1948 година и да го признаат Израел, наместо да го напаѓаат, заклучи Трамп.

Сепак, планот за регулирање на израелско-палестинскиот конфликт претхдно беше отфрлен од Палестинците.

Според планот, границите на Израел се очекува да се прошират со сувереитет над Јорданската долина. За ветените 50 милијарди долари, од Палестинците се бара да се разоружат и да го признаат Израел.

Според познавачите, претставувањето на планот има неколку цели, а најважната е подобување на разнишаната позиција на Нетанјаху дома, против кого тамошното обвинителство покрена кривично дело за корупција.

Во својот настап, Нетанјаху изрази благодарност до Трамп и неговата администрација за реализиација на мировниот план.

Тој упати поддршка за акциите на САД на Блискиот исток, вклучувајќи ги мерките за запирање на Иран и посебно акцијата со убиството на иранскиот генерал Касем Сулјемнаи.

Next Post

Силен земјотрес на Карибите, издадено предупредување за цунами кај Јамајка

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk