ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Петровска: Транспарентно да се справуваме со сите предизвици, граѓаните да бидат информирани и свесни за напорите за обезбедување стабилност и просперитет

August 29, 2022 12:59
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска учествуваше на регионален настан во формат на тркалезна маса за јавни политики, организиран од Евроатлантскиот совет на Северна Македонија и од Центарот за изучување на демократија – Софија (CSD) во соработка со американскиот тинк тенк National Endowment for Democracy, посветен на зацврстувањето на демократската отпорност во Северена Македонија, особено во контекст на моменталните безбедносни предизвици на европскиот континент.

На настанот, како што соопштија од МО, конципиран како форум за дискусија на регионални и домашни експерти и носители на одлуки за начините како институциите, граѓанското општество и медиумите можат да се справат со авторитарните тенденции во контекст на актуелните геополитички и геоекономски околности, министерката Петровска истакнала дека глобалните предизвици се од различна природа, но се заемно поврзани и налагаат координиран одговор.

Во таа насока, министерката се осврнала и на меѓународната безбедносна средина, за која нагласила дека е покомплексна од кога било досега, вклучувајќи цел спектар на воени, политички, економски и други алатки кои претставуваат предизвик за нашите институции, економии и општества.

Безбедносните закани не се само конвенционални и во пракса се комбинирани со хибридни алатки и методи, вклучувајќи ширење на дезинформации, сајбер напади и економски притисоци кои имаат за цел да ги дестабилизираат и поткопаат општествата и владите, рекла Петровска на панел дискусијата.

Во контекст на Југоисточна Европа, Петровска подвлекла дека преку хибридни активности и влијанија, може да се влијае на забавување на европската и евроатлантската интеграција на овој дел од континентот, додека истовремено слабее европската привлечна сила.

Она што е важно сега, истакнала Петровска, е како да се бориме со овие закани и како да се подготвиме, односно како да изградиме отпорни општества.

Посилната координација помеѓу цивилните и воените капацитети и соработката со сојузниците и партнерите е повеќе од потребна, исто како и креирањето на механизми за справување со заканите по безбедноста, порача Петровска, се наведува во соопштението од МО.

Таа се осврнала и на потребата од создавање правна рамка за регулација на сајбер заканите и хибридното војување, за што, како што рекла, дека е високо на агендата на Северна Македонија, особено имајќи предвид дека во октомври минатата година беше донесена Стратегијата за градење на отпорност и справување со хибридни закани.

Нашиот пристап е отворено и транспарентно да се справуваме со сите предизвици, нашите граѓани да бидат информирани и свесни за нашите политики и напорите за обезбедување стабилност и просперитет, посочила министерката за одбрана на денешната дискусија.

Next Post

Федоров: Руските агресори планираат да одржат анкета наместо псевдореферендум во окупираниот регион Запорожја

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk