ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Отпочнувањето преговори со ЕУ клучно за поголем економски раст и подобар животен стандард

Според ММФ, иако економскиот раст во тековната година ќе забрза, сепак власта ќе треба да ги стегне јавните финансии, да воспостави поголема контрола на корупцијата и да се подобри работењето на администрацијата. 

January 29, 2020 10:12
in ЕКОНОМИЈА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Реформите и реформските процеси се клучни за повисоки стапки на економски раст. Дури тогаш граѓаните ќе можат да почувстуваат подобрување на животниот стандард.  Сепак, за да дојде до тоа отскокнување, многу е важен процесот на отпочнување на преговорите со Европската унија.

Универзитетскиот професор Марјан Петрески за Фронтлајн.мк вели дека проекциите за економски раст во 2020 година на Народна банка и Светска банка се коректни, иако во тој распон меѓу 3 и 4 или 3,2 и 3,8 % тешко е сега да се каже точно каде ќе се позиционира растот.

Според Петрески, годинава ќе ја одбележат и претстојните предвремени парламентарни избори, а искуството покажало дека во изборни години, во одредена мера, забавува економскиот раст.

„Оваа 2020 година на домашната сцена ќе ја одбележат предвремените парламентарни избори. Веќе гледате дека ние како земја навлеговме во тој процес кој главно ќе ја преокупира првата половина од оваа година. Иако, политичките ризици се намалени во однос на претходниот период, сепак искуството покажува дека било какви избори во одредена мера ја забавуваат економската активност, односно инвеститорите, фирмите, граѓаните заземаат некоја повоздржана позиција за време на избори. Особено фирмите во поглед на своите инвестиции“, вели Петрески за Фронтлајн.мк.

Според Петрески, друг фактор што е важен во моментов е тоа што се случува со глобалната економија, затоа што Македонија има мала и отворена економија и зависи од финансиските и трговските текови во светот и особено тука, во Европската унија. Тие ризици се присутни и треба да се следат и секако, доколку дојде до нивно влошување тоа може да влијае негативно врз очекуваниот раст, вели Петрески.

„2019 година на глобално ниво ја одбележа, би рекол трговската тензија меѓу САД и Кина. Поради таа тензија, во повеќе наврати беа зголемувани царинските стапки помеѓу двете земји. Во моментов чинам дека се шест пати повисоки од пред година или година и половина. Во декември по тој план се пристапи кон потпишување на еден трговски договор кој треба да ја стабилизира таа ситуациија, меѓутоа повторно со некое постепено намалување на царинските стапки. Состојбата ќе се враќа како што била претходно и постепено ќе видиме тоа колку брзо ќе оди. Сакам да кажам дека една таква неизвесност или тензичност на глобалната сцена, особено кога тоа се случува меѓу двете најголеми економии во светот, секако ќе има реперкусии врз глобалната економија“, смета проф. Петрески.

Според извештајот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) економскиот раст за годинава е проектиран на 3,4 отсто, што е подобрување на проекцијата за 0,3 процентни поени во однос на пролетната проекција. Оттаму нотираат дека пониските даноци и повисоките пензии и плати, како и минималните плати се очекува да бидат дополнителен, иако еднократен, стимул за потрошувачката. Иако има раст на минималната плати, сепак, нема да има намалување на сиромаштијата.

„За да се забрза изедначувањето на приходите, од суштинска важност е да се продолжи со реформите за подобрување на јавната администрација, владеењето на правото и контролата врз корупцијата. Ова би требало да се надополни со напори во насока на создавање физички капитал со оглед на инфраструктурните јазови како и за зајакнување на човечкиот капитал со цел адресирање на недостатокот и несоодветноста на вештините, вклучително и преку стручно образование и обука и поголемо користење активни политики на пазарот на труд со кои се подобруваат вештините“, наведуваат од ММФ.

Според ММФ, иако економскиот раст во тековната година ќе забрза, сепак власта ќе треба да ги стегне јавните финансии, да воспостави поголема контрола на корупцијата и да се подобри работењето на администрацијата.

Ивана Терзиевска – Зафировска

Next Post

ОН: Гутереш воздржан за мировниот план на Трамп за Блискиот Исток

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk