ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шаќири: Оваа учебна година ја почнуваме многу поподготвени

August 31, 2022 13:55
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Учебната година ја почнуваме далеку поподготвени од неколкуте изминати години, учениците од првиот ден ќе имаат учебници и помошни материјали. Ги повикувам директорите да бидат ажурни и да ги преземат од општините, рече денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

На прес-конференција на која направи осврт за работата на МОН откако тој го предводи, Шаќири рече дека интензивно се работело на новите наставни програми за прво, второ, четврто и петто одделение, за кои Бирото за развој на образованието  подготвило интересни и интерактивни содржини и се изработуваат нови учебници. Тие со во различна фаза на одобрување, а за да имаат учениците од што да учат, подготвени се материјали за учење за првото тримесечје.

Шаќири потсети дека во изминатиот период со СОНК е постигнато, како што рече, историско покачување од 15 проценти за платите на наставниците кои ќе ги добијат со септемвриската плата. Со Синдикатот ќе следува дефинирање и потпишување нови колективни договори за основно и за средно образование и ќе бидат во дијалог за политики за подобрување на квалитетот на образованието.

На прес-конференцијата во Владата Шаќири истакна дека е значително зголемен бројот на образовни асистенти финансирани од буџетот на МОН кои ќе работат со ученици со атипичен развој вклучени во редовната настава – од 500 лани, оваа учебна година ќе бидат 720.

Посочи на зголемениот број дуални паралелки за унапредување на средното стручно образование – од 97 минатата година, сега се 200 со опфатени 2700 ученици, минатата година биле вклучени 250 компании, а во оваа година се вклучени 400 компании во овој проект.

За капитални инвестиции во образованието, рече Шаќири, втора година буџетот е над милијарда денари односно два и пол пати повеќе од претходните години. Соопшти дека летово се реконструирале училишни објекти во повеќе општини и се градат нови училишта. Се осврна и на различните категории студентски стипендии за подобрување на студентскиот стандард, а за  науката со буџет од 218 милиони денари се финансираат  проекти на јавните научни установи и опремување на лабораториите.

Next Post

Хоџа: Штетите се санираат, Владата е во постојана комуникација и координација со надлежните институции

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk