ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

(РАСКАЗ): Благодарен – Антон Павлович Чехов

По повод 160 години од раѓањето, „Благодарен“ - досега необјавен расказ на македонски јазик од Антон Павлович Чехов, во превод на Емил Нијами.

January 29, 2020 11:27
in КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

– Земи триста рубли! – рече Иван Петрович, подавајќи му заем на својот секретар и далечен роднина Миша Бобов. – Еве, земи… Не сакав да ти дадам, но… што да се прави? Земи… Последен пат… Заблагодари ѝ се на жена ми. Да не беше таа, не ќе ти дадев… Ме молеше. Миша ги зеде парите и затрепка со очите. Не можеше да најде зборови за да се заблагодари. Неговите очи поцрвенеа и се навлажнија. Тој би го прегрнал Иван Петрович, но… не е баш пријатно да се прегрнува началникот!


– Заблагодари ѝ се на жена ми, – рече уште еднаш Иван Петрович. – Таа ме замоли… Ја натажи со својата плачлива фаца… Нејзе заблагодари ѝ се.
Миша тргна наназад и излезе од кабинетот. Тргна да ѝ се заблагодари на својата далечна роднина, сопругата на Иван Петрович. Таа малечка, добричка русокоса, седеше во својот кабинет на малечка кушетка и читаше роман.
Миша застана пред неа и изговори:
– Не знам како да ви се заблагодарам!
Таа се насмевна благонаклонето, ја фрли книгата и милно му го покажа местото зад него. Миша седна.
– Како да ви заблагодарам? Како? Со што? Марја Семјоновна! Вие направивте повеќе од добро дело! Со парите ќе направам свадба со мојата мила, драга Катја!
По образот на Миша се стркала солза. Неговиот глас трепереше.
– Ви благодарам!
Тој се наведна и ја бакна Марја Семјоновна по пуфчестото раче.
– Вие сте толку добра! А, колку е само добар вашиот Иван Петрович! Колку е тој добар, доброчинител! Тој има златно срце! Треба да им благодарите на небесата што ви испратиле толку добар маж! Драга моја, љубете го! Ве молам, љубете го!
Миша се наведна и ѝ ги бакна двете рачиња одеднаш. Солза се стркала по другиот образ.
– Тој е стар, грд, но затоа има голема душа! Најдете ако можете на друго место таква душа! Не можете! Љубете го! Вие, младите жени, сте толку лекомислени! Вие во мажот ја гледате пред сѐ надворешноста… ефектот… Ве молам!
Миша ја фати за лактите и ја држеше цврсто меѓу своите дланки. Во неговиот глас се слушаше липање.
– Не прељубувајте го! Да се прељуби таков човек значи да се прељуби ангел. Ценете го, сакајте го! Да се љуби таков интересен човек, да му се припаѓа… тоа е блаженство! Вие, жените, многу работи не сакате да ги разберете… Јас ве сакам страшно, до лудило, зашто му припаѓате нему! Ја бакнувам светицата што му припаѓа нему… Тоа е свет бакнеж… Не плашете се, младоженец сум… Ништо…
Миша, треперејќи, засркнувајќи се, се придвижи од нејзиното уво кон образот и го допре со своите мустаќи.
– Не прељубувајте го, драга моја! Та, нели го сакате? Нели? Го сакате?
– Да.
– Ох, блажена!
Миша ја гледаше трогнато и умилено во очите една минута. Во нив тој прочита благородна душа…
– Блажена… – продолжи тој, протегајќи ги рацете кон нејзината половина. – Вие го сакате… Го сакате тој блажен… ангел…. Тоа златно срце… срце…
Таа сакаше да ја ослободи својата половина од неговите раце, но тие уште повеќе се врзаа околу неа… Нејзината глава – неудобно сместена на кушетката! – не сакајќи падна на градите на Миша.
– Неговата душа… срце… Каде може да се најде друг таков човек? Сакајте го… Слушајте го неговото срцебиење…. Одете со него рака под рака… Страдајте… радувајте се… Разберете ме! Разберете ме!…
Од очите на Миша прснаа солзи… Неговата глава се обеси и падна на нејзините гради. Тој залипа и ја стегна Марја Семјоновна во својата прегратка…
Ужасно неудобно е да се седи на куштеката! Таа сакаше да се ослободи од неговата прегратка, да го утеши, да го успокои… Многу е растроен! Таа би му заблагодарила поради тоа што има такви чувства кон нејзиниот маж… Но никако не може да стане!
– Сакајте го… Не прељубувајте го… Ве молам! Вие… жените… сте толку лекомислени… не разбирате…
Миша не кажа ни збор повеќе… Неговиот јазик се заплетка и престана…
По пет минути во нејзиниот кабинет влезе по нешто Иван Петрович… Пустиот тој! Зошто не дојде порано? Кога тие го видоа позеленетото лице на началникот, неговите стегнати тупаници, кога го слушнаа неговиот глув, задушен глас, скокнаа…
– Што ти е? – праша побледена Марја Семјоновна.
Праша, зашто требаше нешто да се каже.
– Но… но, јас искрено, ваша висост! – промрморе Миша. – Чесен збор, искрено!

По повод 160 години од раѓањето на Чехов, „Благодарен“ – досега необјавен расказ на македонски јазик од Антон Павлович Чехов, во превод на Емил Нијами.

Next Post

Ограничување на брзината до 30 км/ч како светска норма

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk