ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Неуспешна иницијација на избледената курирска пропаганда

Ако се погледнат скриншотовите и се запази времето кога гротескните наслови на курираната се пласирани (безмалку говорот на Дерала и не беше завршен а тие веќе п'фнаа со ќорците), јасно е дека оваа хајка против Дерала е подготвена пред Дерала да настапи на говорницата, а реакцијата на кутар Сотирчо била само да им даде божемнa инцијација за да стартуваат. Многу провидно курурчичи (кисче), бледнеете од ден на ден сè повеќе

January 29, 2020 17:50
in ESPRESSO, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

коментира: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

По дискусијата на Џабир Дерала на денешната јавна расправа за Законот за Јавно обвинителство, тотално неартикулирано реагираше „експертот“ од ДПМНЕ Сотир Костов, велејќи дека Дерала ја промашил темата и се жалеше зошто претседавачот не реагирал.

Ако се погледнат скриншотовите и се запази времето кога гротескните наслови на курираната се пласирани (безмалку говорот на Дерала и не беше завршен, а тие веќе п’фнаа со ќорците), јасно е дека оваа хајка против Дерала е подготвена пред тој воопшто и да настапи на говорницата, а реакцијата на кутар Сотирчо била само за да им даде божемнa иницијација за да стартуваат. Многу провидно курурчичи (кисче), бледнеете од ден на ден сè повеќе!

Кој е Сотирчо, на кого му се „паднало парето“, да им стави залак во уста на куририте?

Сотир Костов, кого ВМРО-ДПМНЕ го делегирале како „експерт” за Законот за јавно обвинителство е она лице кое долги години се претставува како аналитичар за сè и сешто и никако не се симнува од курирските телевизии и портали. Тоа е оној Сотир што беше незаобиколен дел од протестите кои кулминираа со насилниот упад во собранието на 27 април 2017, а потоа тој Сотирчо јавно се залагаше за помилување на насилниците од 27 април.

Сотир беше мирудијата која се пикаше во сите тврдокорни вмровски телевизиски манџи бранејќи ги криминалните политики на ДПМНЕ, а за тие консултантски услуги бил дебело плаќан со десетици илјади евра од тогашната мафијашка влада.

Недозволиво е да им се дава простор на ликови како Сотир Костов да учествуваат во јавни расправи во кои се носат закони за темелење на правдата. Но, од друга страна пак, ако ја погледнеме „стручната експертска“ тупаница каде покрај Сотир се истакнува една Тања Каракамишева, може да се заклучи дека едноставно овие вакви Грујови остатоци од ДПМНЕ и нема што друго да понудат, освен Сотир, Каракамишева и жална Силјановска која успешно се вклопи во вмровскиот калап. Сведоци бевме како професорката во вчерашната дискусија повеќе си раскажуваше емотивни патриотически кукумјакања,  отколку суштински забелешки за законот за ЈО. Но, тоа е.

Можеби наједноставно на ДПМНЕ ќе им беше да замолат некако, ако е можно нели, да се организира видео бим јавување на будимпештанската избеглица Груевски, зашто овие Тања и Сотирчо кои најверојатно Грујо лично и ги има делегирано како експерти, не си ја завршуваат задачата како што треба, туку се избрукаа. Сигурно коси корни паторестиот таму некаде во Пешта, ама тие му се капацитетите, сам си ги бираше и ствараше.

Но, има време и за видео бим и за уште поголема брука на вмровската перјаница, ова е само крај на јавната расправа за законот, можат тие тоа и во Собраниската сала.

Инаку, од говорницата, деценскиот бескомпромисен борец за правда – Џабир Дерала, во својот говор порача дека јавноста знае дека во преговорите (за законот) постојано од една страна се пласира идејата за амнестија со која ќе прекине гонењето со предметите, а сѐ друго се изговори.

Сотир Костов човече, му реплицираше на Џабир Дерала. Да не ти се верува.

 


Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.

Next Post

Началникот на СВР Скопје, Ставревски води состанок на општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk