ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пендаровски: Да не дозволиме дискриминирачкиот говор да прерасне во говор на омраза

September 22, 2022 13:46
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Длабоко сум убеден дека соработката и заедничките акции на сите чинители во општеството се клучни во борбата против дискриминирачките содржини во интернет просторот, но и воопшто во јавниот живот. Спречувањето на оваа појава која сериозно ги разнишува основните темели на секое општество кое цели кон инклузивност, мора да стане национален приоритет, нагласи денеска претседателот на државата Стево Пендаровски на јавната дискусија „Дискриминирачки говор на дигитални медиуми – состојба и предизвици”, што се одржува во неговиот Кабинет.

Клучно е, вели претседателот Пендаровски, сите кои се кријат зад удобноста на тастатурата да бидат свесни дека се одговорни за кажаното или напишаното.

Комуникацијата не смее да биде сведена како сега во голем дел на негативна енергија, фрустрации, напади врз личноста, дискриминирачки говор или говор на омраза. За таа цел превенцијата е клучна. Не треба да дозволиме дискриминирачкиот говор да прерасне во говор на омраза и со тоа да ги поткопа темелите на едно општество кое треба да почива на коректна комуникација и аргументирана дебата, потенцира Пендаровски.

Шефот на државата додаде дека мора да ја вратиме пристојноста во комуницирањето во нашите домови, на работното место, во јавноста и на социјалните медиуми, односно, како што рече, да ја мериме тежината на нашите зборови.

И јас како политичар понекогаш сум изложен на обиди за лична дискредитација. Неопходно е инволвирањето на граѓанскиот сектор како репрезент на пошироката јавност. Системот на санкции, закони и казни не е доволен, ако не работиме на креирање позитивна атмосфера со цел превенирање на негативните појави. Сакам да верувам дека се уште сме во фаза кога наместо да се лечи може да се спречи, па апелирам длабински да се соочиме со оваа комплексна проблематика, да не одложуваме, рече Пендаровски.

Наша заедничка цел, нагласи тој, е да го деконтаминираме дигиталниот простор, но и воопшто јавниот простор и нашето секојдневие од дискриминирачката реторика.

Со заеднички напори на сите релевантни чинители и обединување на нашите знаења и искуства можеме да дадеме прилог во таа насока, заклучи Пендаровски.

Целта на трибината е размена на мислења и идеи во контекст на создавање на иницијална платформа и план на активности за справување со дискриминирачкиот говор и другите негативни појави во интернет просторот.

Јавната дебата е под покровителство на претседателот Пендаровски, а во организација на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) и Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП).

Next Post

Доналд Трамп и три негови возрасни деца обвинети за деловна измама

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk