ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Најмногу поплаки до банките за дебитни и кредитни картички

September 23, 2022 15:43
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Анализата на структурата на поплаките за одделни банкарски производи и услуги од анкета на Народната банка покажува дека минатата година преовладувале поплаките за дебитните и кредитните картички, со учество од 36,6 проценти, од кои најголемиот дел се однесувале на висината и пресметката на надоместоците и функционалноста на услугата.

Следни се поплаките за потрошувачки кредити  со 10 проценти, однесувањето на вработените со 9,3 проценти, трансакциски сметки со 8,5 проценти од кои поголем дел се однесуваат на рекламации (на пр.: сторно налози), надоместоци и други аспекти; за електронско и мобилно банкарство со 8,2 проценти, а претежно за функционалност на услугата.

Поплаките во однос на други директни канали (смс, банкомати и сл.)  се 4,3 проценти од вкупниот број, додека поплаките за депозити, станбени кредити и извршувања за присилна наплата поеднично сочинуваат под два процента од поплаките. Најмало учество имаат поплаките за реклами на банкарските производи и услуги (0,5 проценти). Сепак, значаен дел од поплаките (18 проценти) се во категорија друго, односно се нераспределени во наведените категории.

Во анкетата за заштитата на потрошувачите на Народната банка биле пфатени аспекти поврзани со одговорното кредитирање, надоместоците за банкарските услуги, ракувањето со поплаките кај банките и штедилниците.

Според анализата, поплаките за потрошувачките кредити бележат тренд на пораст на структурното учество во последните две години, од 2,9 проценти во 2019 година, на 10 проценти во 2021 година. Групата големи банки во 2021 година има најголемо учество од 76,9 проценти во поплаките за потрошувачките кредити, кои бележат пораст споредено со 2019 кога учествувале со 47,6%. Поплаките поврзани со електронското и мобилното банкарство исто така бележат зголемено учество од околу 2 проценти во периодот 2018- 2020 година на 8,2 проценти во 2021 година.

Вкупниот број  на поплаките во банкарскиот систем во 2021 година е намален и сведен под нивото во 2018 година, а одговорите на поплаките банките ги доставуваат до клиентите вообичаено во рок од 15 дена, што е споредливо  со практиката во други земји.  Сепак, како што велат од НБ,  пристапот кон заштитата на потрошувачите е различен во обем и квалитет и зависи од воведените поединечни политики на банките.

Next Post

Кривична пријава против скопјанка за даночно затајување

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk