Полициски службеници од СВР Велес вчера го лишиле од слобода велешанецот М.Д. (20), кој се сомничи дека сторил кривично дело „тешка кражба“.
– М.Д. во периодот од 23.09.2022 до 25.09.2022 со употреба на алат влегол во куќа на улица „Стеван Богоев“ во Велес, сопственост на Ш.Р. (82) од Петровец и одзел повеќе предмети. Дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат денеска од МВР.