ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Јовчески, удрија по џебот на прилепчани, велат советниците од СДСМ Прилеп

September 27, 2022 15:00
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во режија на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Борче Јовчески, денеска во општинскиот Совет на повидок е да се случи најголемата пљачка на граѓаните на Прилеп во поновата историја на градот, истакнуваат на денешната прес-конференција  советничката група на СДСМ и Коалицијата, во Советот на Општина Прилеп.

„Немајќи елементарни познавања за успешно менаџирање на општинските јавни претпријатија, без желба и намера да работат во корист на општиот интерес, партиските директори на „Водовод и канализација“, „Комуналец“ и Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови, излезот од хаосот го најдоа во удирање по џебот на граѓаните. Од први октомври поскапуваат водата за пиење и надоместокот за прочистување на отпадните води. Драстично поскапува собирањето на отпадот и одржувањето на гробните места. Поскапува јавниот градски превоз и школскиот превоз на учениците и наставниците“, истакнуваат советниците од СДСМ и Коалицијата.

Нагласуваат дека – Недомаќинското работење, енормното вработување на функционери на ДПМНЕ и на нивни блиски роднини и пријатели, се единствената причина која јавните претпријатија ги доведе пред финансиски колапс.

„Преку поднесување на амандмани, дискусии и употреба на други форми кои согласно законите и Деловникот за работа на Советот на општина Прилеп ни стојат на располагање, советничката група на СДСМ и Коалицијата ќе направи сè за да го спречи поскапувањето на услугите на јавните претпријатие. Во насока на заштита на стандардот на нашите сограѓани, ги повикувам советниците на ВМРО-ДПМНЕ да ги надминат теснопартиските интереси, да покажат личен интегритет и одговорност и да гласаат против предлог-одлуките за зголемување на цените на услугите на трите јавни претпријатија. Тоа, впрочем, беше дел од изборната Програма на нивниот кандидат а сегашен градоначалник, Борче Јовчески, во која на прилепчани им ветија намалување, а не зголемување на цените на комуналните услуги“, потенцираат советниците од СДСМ и Коалицијата..

Тие како што нагласуваат, во интерес на вистината, ги повикуваат граѓаните преку фејсбук страната на Општина Прилеп да ја проследат денешната седница на Совет и самите да се уверат за тоа кој работи за, а кој против нивниот интерес, велат советниците од СДСМ и Коалицијата.

 

Next Post

Ангела Агелер во Стејт департментот положи заклетва како нова амбасадорка на САД во Скопје

Најново

Илустрација Фронтлајн

Дневен хороскоп со Анаис (29 април): Активирање на хармонијата и партнерските односи

April 28, 2026

ИСТРАЖУВАЧКО ДОСИЕ НА ЦИВИЛ: Кримското поглавје на руската пропаганда, низ дејствувањето на негиран „виш советник“ на Левица

April 28, 2026

Оставете нè да ви принесуваме убавина, се угушивме во грдотија

April 28, 2026

Во Хрватска ќе се гради дата центар за вештачка интелигенција вреден 50 милијарди евра

April 28, 2026

Тошковски: Протоколот за лица без државјанство е значаен чекор кон системско и навремено решавање на овие случаи

April 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk