ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Пресретната масовна операција на Кремљ за ширење лажни вести во Европа

September 28, 2022 11:44
in ZOOM IN, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Сите овие вести беа масовно  промовирани на Фејсбук и Твитер. Сите тие беа лажни – и беа дел од опсежната операција на руската кампања  за промовирање на инвазијата на Кремљ против Украина, чија цел беа луѓе низ Европската унија и Велика Британија, се вели во извештајот објавен во вторникот од Мета.

Обемната тајна кампања се потпираше на лажни медиумски сајтови дизајнирани да ги имитираат оние на легитимните европски брендови како Der Spiegel, Guardian и Ansa, меѓу другите.

Севкупно, истражувачите на Мета открија повеќе од 60 лажни медиумски веб-локации, од кои речиси сите беа во голема мера промовирани на социјалните мрежи, вклучително и преку рекламирање на Фејсбук во вкупна вредност од повеќе од 100.000 долари.

„Тие ги поставија овие многу софистицирани домени за измама. И потоа се обидоа да ги пренесат на што повеќе различни платформи“ – соопшти  Мета.

Центарот на операцијата бил во европска земја. Агентите вклучени во дисеминацијата на лажните вести не биле многу вешти, особено во преводите кои ги правеле од нивните содржини на некој од европските јазици, поради што покренале сомнежи кај корисниците. Инаку главна цел била публиката во Германија кај која требало да се предизвика паника дека Германија ќе остане без гас оваа зима.

Кина “пука” со лажни вести во САД

Кина, од своја страна, има слична работа како и Русија, но нивниот таргет е САД и нивните избори во ноември. Активноста за ширење на лажни вести чија цел се гласачите на Демократите и Републиканците започнала лани во ноември, а пресретната е овој месец од страна на истражувачите на Мета.

Пред гласањето во ноември, операција за влијание на социјалните медиуми која потекнува од втората по големина економија во светот, ги таргетирала американските гласачи од двете големи партии, се вели во извештајот објавен во вторникот од Мета. Кампањата е водена на социјалните мрежи Фејзбук, Твитер и Инстаграм и воглавном содржи теми кои предизвикуваат контроверзии во САД како што е абортусот, Ковид пандемијата и употребата на оружје во САД.

Истекувањето на гасот од цевките на „Северен поток“ се „намерни дејства”

Сè повеќе европски држави се согласни дека вчерашното истекување на гасот од цевките на гасоводот Северен поток се резултат на „намерни дејства”.

Нападите повторно ги зголемија цените на бензинот во Европа, бидејќи пазарите и официјалните лица се загрижени дека ова може да се случи и со другите гасоводни линии или терминали за ЛНГ.

Ескалира енергетската војна. Над норвешките нафтени платформи регистрирани се неидентификувани дронови

„Ситуацијата е сериозна – експлозиите и истекувањето на гас во Балтичкото Море се предмет на длабока загриженост за данската влада и нашите сојузници. Ова е меѓународна работа и од клучно значење е да останеме во близок контакт за да дознаеме што го предизвикало инцидентот“, изјави шефот на данската дипломатија.

Норвешките власти од своја страна предупредија дека неидентификувани дронови биле откриени над норвешките платформи за нафта и гас поради што оваа земја го подигна нивото на безбедносни механизми околу своите платформи.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека „секое намерно нарушување на активната европска енергетска инфраструктура е неприфатливо и ќе доведе до најсилен можен одговор“.

Она што загрижува е што Европа практично нема никакви механизми да возврати на вакви напади, станува очигледно дека енергетската војна ќе ескалира со почетокот на зимата.

ЕУ со нови санкции за Москва

ЕУ, за жал, како одговор на ваквите напади ги има само санкциите. Амбасадорите на ЕУ денеска ќе бидат информирани од Комисијата за новиот пакет санкции за Русија. Се очекува ЕК да предложи  ограничување на цената на руската нафта. Според најавите, во предлогот на ЕК ќе се бара нафтата да биде по цената која Русија ја има за Азија, а која е 30% пониска од онаа за Европа. Ваквото барање ЕУ ќе го услови со осигурувањата на руската нафта. Осигурителните фирми ќе добијат забрана за транспорт или осигурување на руска нафта, доколку цената по која се продава е над одредената граница.

Борјан Јовановски / НоваТВ

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мицкоски изрази жалење што родителите на загинатите не прифатиле средба во Владата, сега бил подговен да оди и во Кочани

May 11, 2025

Ердоган: Турција е подготвена да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина за прекин на огнот

May 11, 2025

Плановите на ЕУ да се исчисти од руските фосилни горива

May 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk