ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Септемвриските пензии повисоки за 6.8 проценти, согласно новата методологија за усогласување

September 29, 2022 10:50
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со септемвриската пензија околу 330 илјади пензионери во државата добиваат повисоки пензии за 6.8 отсто, согласно новата методологија воведена со последните измени во Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година.

Новата Методологија, како што појаснуваат од МТСП, предвидува усогласување на пензиите со комбиниран модел од 50 отсто пораст на просечната плата на сите вработени во државата и 50 отсто пораст на трошоци на живот, согласно официјалните податоци на Државниот завод за статистика.

Притоа, усогласувањето ќе се врши два пати во годината, односно во март и септември, според процентот кој се добива како збир на порастот на индексот на трошоци на живот во претходното полугодие и процентот на порастот на просечно исплатена плата на сите вработени во државата во однос на полугодието кое му претходи.

Усогласувањето, како што велат од МТСП, ќе ги следи промените во двата индекси. На овој начин се обезбедува постојан раст на пензиите.

Министерството за труд и социјална политика известува и дека ваквото решение односно воспоставувањето на новата методологија е направена низ дијалог со Сојузот на пензионери на Македонија и Партијата на пензионери, како претставници на нашата највозрасна категорија на граѓани во државата.

Носењето на решенија на долг рок и нивна одржливост од кои директна придобивка имаат граѓаните со акцент на ранливите категории е приоритет на Владата на Република Северна Македонија и Министерството за труд и социјална политика.

Next Post

„Путин е терорист“, „Русија убива“ - протест во Грузија против напливот на Руси кои се обидуваат да избегнат мобилизација

Shortcut

Најново

Сара е во болница, осомничениот на слобода: Институциите мора да одговорат на сериозните обвинувања

November 16, 2026
NVIDIA (photo: Wikipedia)

Кризата во NVIDIA: Хуанг размислува за враќање, компанијата се соочува со безбедносни прашања

November 16, 2026
Роденденско утро со мирис на еспресо (фото: лична архива)

Вест стара 59 години

November 15, 2026

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk