ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Исплатени 153,2 милиона денари на 6.396 млекопроизводители

September 29, 2022 14:39
in БРОЈКИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Платежната агенција соопшти дека се исплатени 153,2 милиона денари на 6.396 производители за произведено и предадено млеко во март, април и мај 2021 година.

-Како корисници на оваа поддршка се јавуваат земјоделски стопанства регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта. Висината на директните плаќања изнесува 3,5 денари по литар произведено и предадено кравјо млеко и 4,5 денари по литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко во преработувачки капацитети запишани во регистарот на откупувачи на земјоделски производи, наведува Агенцијата.

Воедно информира и дека почнува подготовката на налозите за исплата на млекопроизводителите за произведеното и предадено млеко во јуни и јули 2021 година.

-Млекопроизводителите ја имаат нашата поддршка. Со дополнувањето на Интервентната програма предвидовме нова мерка вредна над 140 милиони денари преку која обезбедуваме поддршка на млекопроизводителите по литар произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко во домашни капацитети за период од 1 октомври 2021 година до 30 септември 2022 година. Целта на оваа интервентна мерка е поддршка во намалување на трошоците и на загубите кај млекопроизводителите, кои како резултат на светската криза, се јавија со последните поскапувања на репроматеријалите и сточната храна. Средствата за оваа мерка се веќе обезбедени преку ребалансот на буџетот. Одговорно и навремено креираме мерки за поддршка на секој еден земјоделец. Наша обврска како Министерство е да го стабилизираме и зголемиме домашното производство, да го помогнеме производството на хрaна намалувајќи ги трошоците на земјоделците, велат од Платежната агенција.

Next Post

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ да ги достави контактите за набавка на евтина струја до ЕСМ или до Министерството за економија

НАЈНОВО

Премиера на документарецот „Време, вода, наследство: Охрид“, приказна за пливачкиот маратон

August 28, 2025

Грција, Албанија и Македонија во заедничка креативна потрага: „По Материјата“ – ликовна изложба во Лемос, Преспа

August 28, 2025

Шкендија вечерва против бугарски Лудогорец во реванш плејофот во Лига Европа

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Триатлонецот Јован Кутаноски утре ќе плива од Струга до Радожда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk