Министерот за здравство Венко Филипче, објави дека 15 волонтери ќе им помагаат на пациентите за полесно да се снајдат во „клиничкиот лавиринт“.
„Од денеска, 15 волонтери им помагаат на пациентите за полесно снаоѓање во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“. Волонтерите се лоцирани на 7 најфреквентни локации во комплексот клиники, во периодот од 8:30 до 12 часот, секој работен ден.
Истражувањата што ги правевме по клиниките покажаа дека пациентите имаат проблем со снаоѓањето во комплексот. На овој начин им овозможуваме полесно да ги најдат одделите, и секако докторите. Ова е само почеток на проект што ќе овозможи побрза реакција кај докторите и медицинскиот персонал во однос на грижата за пациенти. Во интерес на сите е пациентите да добијат брза и квалитетна услуга. Оваа форма на помош функционира и на други клиники во Европа и од тамошната јавност е препознаена како добра практика.
Овој проект се спроведува во соработка со Министерството за здравство и Црвениот Крст на Град Скопје.“
Извор: Фејсбук страна на Венко Филипче