Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи ќе учествува на денешната Национална конференција „Подобрување на системот за СОО во 5 региони – потенцијал и проценка на капацитетите на средните стручни училишта во регионите“.
Конференцијата има за цел да го претстави извештајот за оценка на капацитетите на средните стручни училишта во петте региони во земјава и идентификуваните силни страни и слабости на системите за стручно образование и обука во нив. Врз основа на наодите, заклучоците и препораките формулирани во извештајот, во наредниот период ќе се развијат препораки за идентификација на најмалку две средни стручни училишта од петте региони кои имаат потенцијал да се трансформираат во регионални центри за стручно образование и обука.
Конференцијата е дел од активностите на проектот „Зголемување на атрактивноста, инклузивноста и релевантноста на стручното образование и обука и образованието на возрасни“.