ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Влада: Ќе се направат детални анализи и пресметки за да продолжи зголемувањето на платите во високото образование и науката

October 4, 2022 14:32
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Навистина треба да се цени и вреднува работата на професорите, но мора да ги имаме предвид и состојбите во државата во услови на економска криза. Ова на раководството на Синдикатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ му го посочиле премиерот Димитар Ковачевски и министрите за финансии и за образование и наука, Фатмир Бесими и Јетон Шаќири на денешната средба во Владата.

Тема на состанокот, наведува Владата во соопштението, беше барањето на Синдикатот на УКИМ за зголемување на платите на професорите и потпишување посебен Колективен договор за УКИМ, независно од постојниот Колективен договор со СОНК, потпишан минатата година.

Како што информира владината прес-служба, на претставниците на Синдикатот на УКИМ, предводени од неговиот претседател Ангел Ристов, им беше посочено дека во изминатите четири години платите на вработените на универзитетите се зголемени за вкупно 20 отсто, односно 5 отсто од септември 2019 година, 8 отсто од септември 2021 година и 7 отсто од септември годинава.

Исто така, од страна на премиерот и министрите беше посочено дека ќе се направат детални анализи и пресметки за да продолжи зголемувањето на платите во високото образование и наука и следната година, но  беше и побарано од Синдикатот да се направи реорганизација на факултетите и воведување нови атрактивни студиски програми, кои ќе ги зголемат сопствените приходи на високообразовните установи. Владата на Република Северна Македонија освен што работи на зголемување на платите во образованието, работи и на унапредување на научно-истражувачките проекти за јавните научни установи, но и за набавка на опрема за лаборатории, акредитација на лаборатории за научно-истражувачка дејност, се наведува во соопштението на Владата.

Владината прес-служба посочува и дека во насока на подобрување на состојбата во високото образование,  вратени се некои стипендии и воведени нови за постдипломски и докторантски студии во државата.

Со оваа политика на стипендирање, нагласува Владата, ги поттикнуваме успешните студенти да се надградуваат и да се занимаваат со научно-истражувачка работа, но и да останат во државата како кадар на универзитетите и институтите.

Next Post

Локвенец: Со Грчките железници и Солунското пристаниште договорени нови протоколи за работа во кризно време

НАЈНОВО

АВМУ: Денеска на полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за вториот круг од Локалните избори 2025

October 27, 2025

Д-р Трајановски: Чист, безбеден и достоинствен Аеродром е мојата визија за современа и хумана општина

October 27, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Како Маите можеле точно да ги предвидат затемнувањата на сонцето со векови

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk