ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

15 години од премиерата на филмот „Превртено“ на Игор Иванов-Изи

October 5, 2022 11:19
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

На 20 октомври (четврток), со почеток во 20:00 часот, во Кинотеката ќе биде прикажан филмот „Превртено“ на Игор Иванов-Изи, по повод 15 години од неговата премиера.

Кога во 2007 година на Интернационалниот филмски фестивал во Карлови Вари, Чешка, премиерно беше прикажан дебитантскиот долгометражен игран филм ПРЕВРТЕНО (Upside Down) на Игор Иванов-Изи, каде што овој филм беше во конкуренција за наградата „East of West Award“; тој момент беше и своевидна потврда за сета претходна работа на овој наш филмски автор. Иванов тогаш, не некој начин – ја „завери“ таа потврда, кога со неговиот филм ПРЕВРТЕНО, малку подоцна, ја освои Наградата за најдобра режија, на фестивалот во Валенсија (Шпанија) – Mostra de València-Cinema del Mediterrani; потоа, Иванов, таа нагорна линија ја продолжи и со неговите подоцнежни остварувања – пред сè, со долгометражните играни наслови СОБА СО ПИЈАНО (2013) и ХОМО (2020), потоа со долгометражниот документарен КОБРА (2018), како и со ангажманот како режисер/креативен директор во ТВ сериите ПРЕСПАВ, ИНСАЈДЕР, СЕНКИ НА БАЛКАНОТ (една епизода од првата сезона). Денес, Иванов е веќе едно од водечките режисерски имиња на македонската кинематографија, со десетици награди и признанија на светските филмски фестивали.

ПРЕВРТЕНО ја имаше македонската премиера на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола 2007 година и е еден од последните македонски играни филмови снимени на 35мм лента. Филмот е работен според романот „Папокот на светот“ на Венко Андоновски (кој е и косценарист). ПРЕВРТЕНО е приказна за Јан Лудвик, млад човек кој ѝ припаѓа на загубената транзициска генерација во нашето општество – генерација родена во социјализмот, но живее и е сведок на рудиментарниот капитализам. Неговиот анархичен став кон животот го доведува до безизлезни ситуации, во кои не може да се реализира себеси. Меѓутоа, додека вистинските анархисти дејствуваат и ја менуваат свеста на својата околина преку акции, Јан можеби знае што не сака, но не знае што сака – момент што го става во позиција на „изгубен лик од нашата околина“…

ПРЕВРТЕНО е урбана приказна, раскажана преку колоквијален говор, за животот на младите луѓе во Скопје, на почетокот на деведесеттите години на XX век, во периодот на почетокот на транзицијата, во која се вклучени повеќе елементи што се симбол на поп-културата: рок музика, стрипови, употреба на лесни дроги, итн. Приказната, со интересно имплементирани фантастични елементи, е раскажана преку гледната точка на главниот лик Јан, во еден вид на реминисценција – сеќавање на неговото минато, додека тој патува дома со воз, а всушност – тоа духот на Јан, одосно неговата душа, која го придружува неговото мртво тело на патот кон дома – се сеќава на својот живот: средношколецот Јан, кој живее со татко си, нема некои конкретни, цврсти, помали или поголеми амбиции во животот; Павел, неговиот другар, е нешто повеќе заинтересиран да успее во животот, а Луција, нивната соученичка, е мистериозна девојка со која Јан се обидува да оствари врска. Тоталитарното влијание на политиката врз животот на младите луѓе е претставено преку инсистирањето за зачленување во владејачката Партија на националниот дух, што Јан го одбива, додека Павел и Луција се зачленуваат. Заради одбивањето да се вклопи во доминантната матрица, Јан е санкциониран од „невидливите“ општествени темни сили, прво со ќотек, а потоа и со обид да биде обвинет за убиство, по што тој ја напушта земјата и заминува со циркусот што престојува во неговиот град…

Главните улоги ги толкуваат Милан Тоциновски, Сања Трајковиќ, Славиша Кајевски, Никола Ристановски, Јовица Михајловски, Марија Кондовска, Елена Серафимовиќ, Јордан Симонов, Ѓорѓи Јолевски и Инес Бојаниќ, а во споредните ролји се Силвија Јовановска-Стојановска, Петар Мирчевски, Лабина Митевска, Камка Тоциновски, итн…

Директор на фотографија е Томи Салковски; монтажер е Игор Андреевски; сценографијата е на Иван Бартлинг и Игор Тошевски, костимите на Бланка Будак, а музиката е на Зоран Спасовски.

Филмот е продуциран со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, Министерството за култура на Република Хрватска, Министерството за култура на Република Србија, The Global Film Initiative и Македонската радиотелевизија. Продуценти се „Сектор филм“ – Скопје, Mainframe Production и Cinears.

Игор Иванов-Изи кариерата ја започнува работејќи авторски и ко-авторски проекти на првата приватна македонска телевизиска станица А1, и од тој период датираат ТВ проектите САБВЕЈ (1993-1994), НЕП (1995), НАШЕ МААЛО (1999-2003).

Во 1997 го реализира краткиот филм ЧАСОВНИК, со кој ја освои првата награда на конкурсот на Европскиот Совет за краток игран филм од млади автори во 1998. По реализацијата на кратките документарни филмови КАВАЛ и ГАЈДА, го сними краткиот игран филм БУБАЧКИ, кој беше прикажан на Берлинскиот фестивал во конкуренцијата за краткометражни филмови; филмот, потоа, ги освои и наградите „Златен медал на Белград“ на Белградскиот фестивал на документарни и кратки филмови, наградата „Golden Pardino – Leopards of Tomorrow“ на фестивалот во Локарно, а имаше и свои забележителни учества и награди на фестивалите во Санкт Петерсбург и Сан Франциско. ПОДОЦНА, Со играниот филм СОБА СО ПИЈАНО, беше во конкуренција за наградата од публиката на Chicago International Film Festival, додека со играниот филм ХОМО ги освои наградите на фестивалите Crossing The Screen, Festival del Cinema Europeo, IndieFEST Film Awards, WorldFest Houston, итн…

Филмскиот критичар Игор Анѓелков во неговата рецензија објавена во неделникот „Глобус“ и во книгата „ФИЛМ.МКД“ пишува:

„…Иако ова е негово прво целовечерно остварување, сепак режисерскиот печат на Иванов веќе е препознатлив. Ако Хичкок лично се појавуваше во своите филмови, Изи суптилно, преку плакатот за „Бубачки“ во собата на Јан, го потенцира своето присуство, како и преку Стефан Сидовски, кој и во краткиот филм ‘НЕП’ беше расположен за политичко-социјален говор. Со суптилно решени сцени (дел од нив можеби и предолги и непотребни), кои содржат одлична фотографија благодарение на Томи Салковски, која скопските темни сокаци ги доведува на ниво на која било урбана светска метропола, „Превртено“ инсистира на идентификација на публиката со многу препознатливи моменти во него, алудирајќи на хаотичното и бесмислено време во кое живееме. Но, останува нејасно која е пораката што ја носи „Превртено“? Тој ги лоцира сите глупости, пороци и монструми што ги произведе ова долго транзициско време, меѓутоа филмот како да нема одговор за нив. Дали бегството во циркусот е некакво решение или, пак, смртта претставува единствен излез…?“

ПРЕВРТЕНО беше тема и на осврти во списанието КИНОПИС бр. 35 (2008 година):

„…Игор Иванов-Изи е заслужен што синдромот на непомирливите ментални, емоционални и душевни разлики, меѓу мечтателите и конформистите, го лоцира без големи епигонски застранувања, во амбиентот на македонската средина. Езотеричниот, социјално неприспособлив Јан, кој не може да го задуши нагонот за летање, никогаш не ќе може духовно да се зближи со својот најдобар пријател, конформистот Павел, иако ги дели со него сите свои фрустрации и надежи. Не ќе може да се зближи ни со убавата и навидум сензибилна Луција, чии каприциозни, нежни, рамнодушни и страсни испади не можат да го уверат дали таа навистина го љуби или, пак, игра некоја улога што нејзината умна глава одлично ја извежбала. Но настрана од визуелно култивираното обликување на конфликтните ситуации и на карактерите во една хомогена мозаична целина, првенецот на Игор Иванов-Изи ќе нè остави рамнодушни пред сведочењето на колективната и лична драма. Коректната иконографска структура на кадарот, уиграната актерска игра и урбаната атмосфера во која настраностите, парадоксите и ексцентричностите се дел од амбиентот на метрополата не се доволна гаранција дека нивниот психолошко-ментален колорит ќе нè држи во напнатост и возбуда…“, пишува филмскиот критичар и историчар на филмот Георги Василевски, меѓу другото, во својата критика.

„…Режисерски и авторски тивко вдахновен, филмот ни претставува една, колку-толку секојдневна приказна, блиска до реалноста; приказна што е визуелно одлично смислена: со (речиси) над-стандардна фотографија со високо естетизиран кадар, како и луцидно и инвентивно кадрирање на филмската слика и дејство, умешно аплицирана во своите сегменти на нарација, како што се различната композиција на дејството, различниот колор на филмската фотографија помеѓу нивоата на приказната во односот реално/иреално, па објективниот во однос на субјективниот светоглед преку ракурсите на филмската камера, и слично… Исто така, мора да се спомене и одличната актерска игра на речиси целиот актерски тим, особено оној на неколкуте главни актери, кои навистина ни подарија натпросечни актерски изведби во филмот…“, пишува филмологот и филмски критичар Петар Волнаровски.

Дамјана Ивановска / Кинотека

 

Next Post
Зоран Бојаровски

Дезинформациите и стравот се во брак од интерес

Shortcut

Најново

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk