ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Шарл Перо одекна и на македонски јазик среде Париз

October 5, 2022 12:09
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Творештвото на родоначалникот на современата европска сказна, Шарл Перо одекна и на македонски јазик среде Париз. Во рамките на важниот француски проект посветен на неговите сказни, кој се спроведува од страна на Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО), по повод 30 Септември, Меѓународниот ден на преводот, на големиот настан „Гласовите на сказната“ во Париз, сказната „Самовили“ за првпат пред тамошната јавност беше презентирана и во превод на македонски јазик, известуваат од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Преводот беше подготвен во соработка со Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје (МСМЈЛК при УКИМ), односно со лекторатот по македонски јазик на ИНАЛКО. Поконкретно, преводот на „Самовили“ го изработија студентите од трета година на Катедрата по македонистика, под менторство на лекторот по македонски јазик во Париз, м-р Ѓоко Здравески. Имајќи ја предвид комплексноста на книжевниот превод, со ова уште еднаш се покажува и подготвеноста и воопшто квалитетот на новиот македонистички кадар на странските универзитети, во кој МСМЈЛК при УКИМ вложува како преку наставата на лекторатите по македонски јазик, така и во соработката со центрите во кои се изучува македонистиката, како и преку своите традиционални летни, а изминативе две години и зимски школи.

Како што беше истакнато неодамна, по вклучувањето на македонистиката меѓу ретките научни дисциплини во Франција со што на ИНАЛКО е гарантирана нејзината заштита и зачувување, но и нејзината самостојност, вклучувањето на македонскиот јазик во овој значаен проект посветен на една од најзначајните личности од европската книжевна историја е уште една потврда на статусот којшто македонскиот јазик го има на оваа реномирана европска високообразовна и научна институција. Преку овој проект, на настанот „Гласовите на сказната“, македонскиот јазик беше вклучен меѓу 27 светски јазици.

На настанот, сказната „Самовили“ од Шарл Перо, на македонски јазик беше прочитана од Аспасија Андоновски, дипломирана студентка на Катедрата по македонистика на ИНАЛКО. Но проектот не запира тука, туку  во него е вклучено и студиско снимање на преводите, со што и преводот на македонски јазик ќе биде објавен и во дигитален аудиоформат. Следната година, во Париз ќе се одржи и симпозиум посветен на творештвото на Перо.

Инаку, наредната 2023 година, акко што известуваат од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ќе биде во знакот и на одбележувањето 50 години македонистика на ИНАЛКО во Париз која ја води проф. д-р Фроса Пејоска-Бушро, а овој јубилеј обврзува за натамошни уште поголеми вложувања во македонистиката во Франција, во рамките на соработката меѓу МСМЈЛК при УКИМ и ИНАЛКО.

 

Next Post

Прелиминарна распределба на социјалната зграда во Пробиштип - 48 станови за ранливи категории граѓан

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk