ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Прелиминарна распределба на социјалната зграда во Пробиштип – 48 станови за ранливи категории граѓан

October 5, 2022 12:18
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов, денеска присуствуваа на прелиминарната јавна распределба на социјалната зграда во Пробиштип, информираат од Министерството за транспорт и врски.

Зградата е со вкупно 48 станови, градена по Програмата за ранливи категории граѓани. Право на учество на јавниот оглас кој беше распишан преку Министерството за транспорт и врски имаа категории на граѓани кои се од социјален ризик и тоа деца без родители со навршени 18 години, корисници на загарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни непогоди, лица со попреченост или семејства со лица со попреченост, лица од социјално загрозени категории припадници на Ромската заедница и самохрани родители со малолетни деца.

„Денеска во Пробиштип ја извршивме прелиминарната распределба на социјалната зграда. Ова е пример за вистинска грижа, обезбедуваме топол дом и похумани услови за живеење на оние граѓани на кои им е тоа најпотребно. Сакам да напоменам дека ова е само прелиминарна распределба и дека не е конечна. Во наредните денови Комисијата за распределба на социјалните станови ќе изврши увид кај семејствата, по што по завршување на теренскиот увид, ќе биде утврдена конечната листа на добитници на станови. Грижата за социјално ранливите семејства останува наш врвен приоритет и во овие услови на енергетска криза.“ – изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Министерот Бочварски истакна дека социјалните станови што ќе останат нераспределени, ќе се префрлат во Комисијата за станбени прашања при Владата, каде ќе може да се доставуваат документи за нивна распределба.

Градоначалникот на општина Пробиштип, Анастасов, изјави дека ова е прва социјална зграда која се изгради во Пробиштип и дека е од огромно значење за социјално загрозените семејства од општината, бидејќи ќе им обезбеди значително подобри и похумани услови за живот. Се заблагодари на поддршката која ја добива од централната власт и истакна дека таа ќе продолжи континуирано и во периодот кој следува.

Министерот Бочварски информираше дека во текот на месец октомври ќе бидат распишани и јавните повици за распределба на социјалните згради во општините Виница и Свети Николе.

Преку Проектот за изградба и одржување на социјални станови до сега се изградени или во фаза на изградба се повеќе од 850 социјални станови. Во завршна фаза е изградбата на социјалните згради во Демир Капија, Неготино и Гевгелија, а исто така континуирано се градат социјалните станови во општина Бутел, во Велес, Кочани и во Пехчево.

Next Post

Конституирано советодавното тело за употреба на имиња на историски и други познати личности

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk