Професорот Александар Спасеновски, кој е автор на истражувањето на јавното мислење – 30 години надворешна политика и одбрана на Конрад Аденауер, во разговор за РСЕ, вели дека мислењето на граѓаните за руската агресија врз Украина е слично со граѓаните на земјите членки на НАТО и на ЕУ.
„Според последното истражување на Евробарометар објавено на почетокот на септември оваа година може да се заклучи дека 57 проценти од испитаниците на европските држави изјавиле дека се задоволни од одговорот на Унијата во однос на руската агресија врз Украина. Во однос на нашата држава, пак, како за споредба, 50,4 отсто од испитаниците изјавиле дека сметаат дека руската воена агресија врз Украина е неоправдана и неприфатлива. Споредбата на двата резултати упатува на заклучокот дека расположението на граѓаните во нашата држава е многу слично со мислењето граѓаните на другите држави членки на ЕУ и на НАТО во однос на оваа тема“, вели Спасеновски.
Целиот текст од разговорот со Спасеновски на – Радио Слободна Европа