ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ е против обезбедување континуитет на предметите на СЈО и независен избор на обвинители

Овој состанок ќе биде уште една прилика за пратениците на ВМРО ДПМНЕ да присуствуваат во пишувањето на финалната верзија на Законот за јавно обвинителство и заедно да ги инкорпорираме измените. После јавната дебата и пораките на меѓународните преставници јасно е дека Законот за јавно обвинителство e важен за европската иднина и перспектива на државата и секое попречување на законот е практично криење од правдата и оддалечување на македонските граѓани од европското семејство

January 30, 2020 13:55
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ останува транспарентна и одговорна партија во процесот на носење на Законот за јавно обвинителство. Како што обезбедивме јавна дебата во парламентот со изнесување на серија експертски мислења, сега ќе организираме состанок со пратеничките групи за да ги имплементираме предлозите кои ќе влијаат на подобрување на законското решение. Секако ние и понатаму остануваме отворени за аргументирани забелешки, истакна на прес-конференција пратеникот и портпарол од СДСМ Костадин Костадинов.

„Овој состанок ќе биде уште една прилика за пратениците на ВМРО ДПМНЕ да присуствуваат во пишувањето на финалната верзија на Законот за јавно обвинителство и заедно да ги инкорпорираме измените.

После јавната дебата и пораките на меѓународните преставници јасно е дека Законот за јавно обвинителство e важен за европската иднина и перспектива на државата и секое попречување на законот е практично криење од правдата и оддалечување на македонските граѓани од европското семејство.

Но, не само европската перспектива која му ја испорачуваме на народот во овие две години, ние сакаме да ја испорачаме и ветената правда со казни за сите кои сториле криминал. Токму овој закон обезбедува независни обвинителски институции, гарантира објективни судски постапки и создава ефикасен систем на казнување.

Законот ќе овозможи гонење на сите криминалци, континуитет на предметите на СЈО, независен избор на обвинители… А сето тоа значи правна држава и владеење на правото. Она од кое ВМРО ДПМНЕ бега цело време.

Христијан Мицковски не сака финансиски стабилно обвинителство, обвинители со поголема бројност и со силни надлежности, како што се предвидува со новото законско решение. Таквото обвинителство ќе ги процесуира сите предмети против поранешните и сегашните функционери на ВМРО ДПМНЕ и затоа тие не сакаат таков закон, туку прават се правдата да остане слепа.

СДСМ ги повикува пратениците на опозицијата да ја искористат шансата за градење демократски и независни правосудни институции. Со тоа да ја искористат и приликата да ги исчистат криминалците од нивните партиските редови.

ВМРО ДПМНЕ треба да сфати дека има општествена одговорност да се вклучи во процесите за европска држава. Во Европа се оди по прав пат, во Европа има правда за сите. Тоа граѓаните знаат и ќе го покажат на наредните парламентарни избори.“, рече Костадинов

Next Post

Русковска: Непрофисионално постапување на судија да се пријави во Судски совет

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk