„Јас ја имам честа и задачата денеска да пренесам дека македонската јавност, македонските граѓанки и граѓани гледаат во овој дом со очекување тој да го донесе овој закон важен за европската иднина на земјата“, рече Џабир Дерала во својот говор на вториот ден од јавната расправа за Законот за Јавно обвинителство.
„Имам задача да ви пренесам дека веќе предолго чекаме правда! Бараме криминалците да се соочат со полната сила на правдата. ВМРО-ДПМНЕ бара уништување на бомбите и материјалите со законски одредби – тоа барање се уште е на маса. Тоа е крајно неприфатливо барање!
Сфатете ме како сакате, но јас сум тука да ве известам. Дами и господа, надвор од оваа зграда расте гневот и разочарувањето што оние што за заробија државата сѐ уште се на слобода. Ако повторно излеземе на улица, нема да се вратиме дома додека не видиме правда. Донесете го овој закон, а во меѓувреме, контактирајте ги најдобрите адвокати што можете да си ги дозволите.“, истакна Џабир Дерала од ЦИВИЛ.