ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Претставен првиот детски стрип за предизвиците на пациентите со СМА – „Авантурите на СМАрагдната Ада“

October 16, 2022 21:05
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Првата детска стрип-книга на македонски јазик „Авантурите на СМАрагдната Ада“, во која се опишани и се зборува за животот на децата со спинална мускулна атрофија (СМА) и за нивните секојдневни животни предизвици беше претставена денеска во Скопје.

Стрипот е дел од едукативен проект кој има цел да ја подигне свесноста за поголема инклузија и социјализација на децата со СМА, и претставува образовна алатка наменет за децата, наставниците и семејствата со цел промоција на инклузивноста на лицата со невромускулни болести. Оваа детска стрип-книга ја презентираше „Рош Македонија“.

„Авантурите на СМАрагдната Ада“ е создадена од мултидисциплинарен тим од едукатори, психолози и советници од пациентски здруженија, со научен надзор на специјалисти од мрежата на клиничките центри НЕМО, Италија. Објавувањето на книгата на македонски јазик е овозможено од „Рош Македонија“ како прв чекор кон започнување на широка акција за отстранување на разликите и воспоставување на вистинска инклузивност на децата со СМА во целото општество.

Преку оваа иницијатива, намерата е да продолжи соработката со здравствените работници, здравствените власти, пациентските организации и другите чинители, за да се зголеми свесноста за оваа болест и преку информации да се поттикне инклузијата во училишната, семејната и социјалната средина на оние кои живеат со СМА, како и да се истакне реалноста на пациентите и нивните потреби. Заедно со Здружението СТОП СМА, Универзитетските клиники за детски болести и неврологија, ја започнуваме нашата мисија темелно да ги промениме состојбите и условите за пациентите со СМА. Иако патот што го започнуваме е долг, искрено се надевам дека во истата цел ќе се вклучат и останатите засегнати страни и сите ќе дадеме голем придонес во промоција на инклузивноста на лицата со невромускулни болести во нашето општество, истакна Александра Ивановска, раководител на „Рош Македонија“ на денешната промоција.

Снежана Тодоровска, претставник на Здружението СТОП СМА нагласи дека недостасува едукација за сé поврзано со СМА, за нивните секојдневни предизвици, за способностите и квалитетите на нашите деца.

Тука, внатре во овој весел и забавен стрип е формулата како да се постигне тоа. Иако целосната и општа инклузија е долг пат, којшто ние како здружение го одиме веќе пет години, оваа книга е клучниот и првиот чекор што ќе нè доближи до целта и до она што го посакуваме и за што се бориме. Верувам дека оваа стрип книга е почеток на еден долг, но сигурен и безбеден пат, којшто во корен ќе ги промени работите и ќе придонесе за подобрување на состојбите за обезбедување квалитетен и достоинствен живот на СМА заедницата, што претставува постојан предизвик и воедномисија на Здружението СТОП СМА, додаде Тодоровска.

Иницијативата за едукативен пристап кон инклузијата на лицата со СМА е поддржана и од Универзитетската клиника за детски болести и Клиниката за неврологија заради новиот начин на справување со проблемот на социјална и образовна инклузија на лицата со физичка попреченост.

Директорот на Универзитетската клиника за неврологија Иван Барбов информира дека можеби спиналната мускулна атрофија не е масовно заболување, но е состојба што целосно и беспоштедно го презема организмот, телото и личноста.

Покрај моторните функции, што може целосно да бидат под влијание на болеста, таквата состојба многу се одразува и врз психичката состојба на пациентите. На една таква состојба, замислите што се случува со едно дете, а поголемиот дел од пациентите со СМА во Македонија се деца, кое е врзано за кревет, количка, затворено дома, без никаква социјална интеракција. Тоа дополнително ја влошува нивната и така кревка состојба. Потребно е да се направи нешто повеќе, потребно е овие деца да се интегрираат во секојдневието, во образовниот процес, затоа што со денешните помагала, со денешната терапија тоа е многу возможно и тие целосно независно може да функционираат во една секојдневна средина. Со оваа книга се отвора патот за дискусија за многу потребната и многу посакувана целосна општествена инклузија. Верувам дека СМАрагдната Ада го носи тој позитивен ветер на промени“, потенцираше доц. д-р Барбов.

„Авантурите на СМАрагдната Ада“ е серија од неколку стрипови каде се раскажува секојдневниот живот на Ада, куче кое посетува училиште. Ада се движи со електромоторна инвалидска количка бидејќи има СМА, ретка генетска болест. Преку раскажувањето на нејзините секојдневни авантури, односот со соучениците, семејната и училишната динамика што се појавува, се обработува темата на социјалната и училишната инклузија на децата со моторна попреченост. Форматот на стрип е избран за да ја привлече детската фантазија и на едноставен начин да ги пренесе важните пораки при што попреченоста се објаснува почнувајќи од искуството со болеста, особено невромускулна болест како cпинална мускулна атрофија, за потоа да се креира желба да се прифати состојбата.

СМА е ретка, тешка, прогресивна невромускулна болест која може да биде фатална. Претставува водечка генетска причина за смрт кај доенчиња, среќавајќи се кај приближно едно бебе на 11 000 доенчиња. Поврзана е со висока стапка на смртност, особено кај најтешките форми на болеста, додека другите полесни форми на болеста овозможуваат лицата да водат нормален живот само со лесна мускулна слабост. СМА води кон прогресивен губиток на нервните клетки во ’рбетниот мозок кои го контролираат движењето на мускулите. Слабоста и атрофијата на мускулите може да доведе до проблеми со дишењето како и со движењето, како што се: ползење, седење, одење, јадење и контрола на главата. Интелигенцијата кај овие лица не е засегната, напротив, многу деца со СМА се особено бистри.

Next Post

Маричиќ: Денес извештајот на ЕК зборува за сосема понапредна држава од таа во 2016 година

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk