Цветан Трипуновски заменскиот министер за земјоделие од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кој со своите шерифски визити веќе им дојде преку глава на луѓето од помалите општини, а со своето надмено однесување и цинично смеење ги помина сите граници на пристојно однесување, бил соодветно на неговото однесување пречекан од градоначалникот на Конче, Благој Илиев.
Во еден момент, како што може да се погледне во видео клипот, кога градоначалникот му кажува на Трипуновски дека неговата фамилија 300 години се занимава со земјоделие, Трипуновски го провоцира градоначалникот на Конче, со зборовите: Кажи кој ти го даде земјиштето – па Груевски ти го дал земјиштето, ВМРО-ДПМНЕ ти го дало.
Оваа средба која се случила на улица, зашто Трипуновски ја одбил поканата од градоначалникот Илиев да се сретне со него во просториите на Општината, можете во целост да ја погледнете тука:
Градоначалникот Илиев за таа посета на Трипуновски на својот фејсбук профил ќе напише:
Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, Цветан Трипуновски, обвинет за криминал од 7.214.130 денари, ја обвинува мојата мајка за задоцнето плаќање на закупнина, за која патем и платила затезна камата.
Каква иронија!
Денес, при неговата посета на Конче, го поканив да ја посети и нашата општина и заеднички да поразговраме за проблемите на земјоделците од општина Конче, за неговите обвинувања кон мојата мајка, но и за неговата улога во земјоделието.
Поканата беше одбиена, но се сретнавме на улица. Му поставив само 3 прашања:
1. Дали некогаш работел и заработил од земјоделие?
2. Колку има заработено од земјоделие, а колку заработил од Министерството за земјоделие?
3. Дали вршел притисок врз земјоделците и дали правеше селекција за исплата на субвенции како Директор на државен инспекторат за земјоделство?
Наместо бараните одговори добив ароганција, цинизам, потсмев, понижување, дрскост…
Почитувани пријатели, Ве молам, барајте одговори од Цветан Трипуновски вели градоначалникот од Конче.
Политичкиот профитер на грбот на земјоделците, Цветан Трипуновски, да престане да манипулира, лаже и да ги злоупотребува овластувањата во техничката Влада.
Ј. Ѓ.